Skip to main content
| Market7.mk - Oglasnik | Blog

Повеќе одобренија за градење во месец јануари 2022г

Број на прегледи: 795
Реклама

Во јануари 2022 година се издадени 259 одобренија за градење, што е за 30.2 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

 

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 767 024 илјади денари, што е за 186.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 154 (59.4 %) се наменети за објекти од високоградба, 24 (9.3 %) за објекти од нискоградба и 81 (31.1 %) за објекти за реконструкција.

 

 

Од вкупно 259 објекти, на 171 (66.0 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 88 (34.0 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 353 станови, со вкупна корисна површина од 33 312 м2 .

 

 

Во последните 24 месеци, а особено во последниот квартал од 2021 година, се забележува тенденција на зголемување на цените на недвижностите во просек кој се движи од 30% до 50% во зависност од локацијата и состојбата на имотот, но во некои случаи и до 100%. Ова зголемување се должи на повисоките цени на увозните градежни материјали, потоа поради недостатокот на работна сила во градежништвото, а и поради одредени мораториуми за градба што придонесоа кон помал број на издадени одобренија за градење во изминатиот период.

Зголемувањето на бројот на одобренија за изградба на нови градби и реконструкција на постојните ќе ја зголеми понудата на станови, куќи и деловен простор на пазарот на недвижности со што ќе се придонесе за намалување на растот или најмалку стабилизирање на цените на недвижностите. За позначајно намалување на цените на недвижностите ќе биде потребно да се намалат цените на градежните материјали, а имајќи ја во предвид моменталната безбедносна состојба во Украина и последиците што ги прави врз светската економија, тешко е да се очекува намалување на цените на споменатите материјали.

 

Market7.mk ја подготви оваа вест со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. Market7.mk е бесплатен интернет огласник каде продавачите и купувачите се среќаваат. На следниов линк ТУКА можете да погледнете огласи за недвижности објавени на Market7.mk

При подготовка на ова соопштение користени се податоци од Државниот завод за статистика

Реклама

Право на споделување

Интернет Огласник го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете да најдете голем број на огласи. Интернет Огласник е бесплатен огласник кадешто продавачите и купувачите се среќаваат.

Овој текст, вклучувајќи ги сите слики, графикони и инфографици може да се споделуваат за комерцијални и непрофитни цели. Единствено, потребно е да го споменете изворот и да додадете линк во вашата објава до оваа страница.

Реклама

Најнови текстови на Интернет Огласник

реклама
Реклама

Реклама