Skip to main content
| Market7.mk - Oglasnik | Blog

Раст на трошоците во градежништвото за четврти квартал од 2021 година

Број на прегледи: 964
Реклама

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување.

Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.

 

Државниот завод за статистика ги објави Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување за четвртиот квартал од 2021 година.

Во четвртиот квартал од 2021 година, во споредба со третиот квартал од 2021 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 2.3 %, трошоците за материјали за 2.1 %, а трошоците за вработените за 2.8 %.

 

 

Во четвртиот квартал од 2021 година, во споредба со четвртиот квартал од 2020 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 17.9 %, трошоците за материјали за 23.0 % и трошоците за вработените за 8.1 %.

 

Извор: Државен завод за статистика

 

Воочливо е дека сите типови на трошоци имаат пораст низ изминатите пет години, но особено се забележува дека растот на трошоците за вработените има најголемо зголемување во анализираниот период. Во исто време, во последните година ипол растот на сите типови на трошоци е особено изразен.

 

Со ваквото темпо на пораст на трошоците во градежништвото се отвораат можности за поскапување на цените на недвижностите без разлика дали истите ќе се купуваат на ново или половно. Индиректно, ваквите поскапувања на цените на недвижностите може да придонесат и кон зголемување на цените на наемите за станбени и деловни простории. Од прегледот на објавени огласи на македонските огласници, се забележува дека постои тенденција на зголемување на цените по метар-квадратен на нови и половни недвижности кои се огласени за продажба и/или наем. Растот на овие цени не е рамномерен, односно не е еднаков низ сите локации, туку се забележува посилен раст кај некои општини, а особено централните подрачја на градовите, наспроти други општини и руралните средини каде растот е послаб.

 

Market7.mk ја подготви оваа вест со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. Market7.mk е бесплатен интернет огласник каде продавачите и купувачите се среќаваат. На следниов линк ТУКА можете да погледнете огласи за недвижности објавени на Маркет7.

При подготовка на ова соопштение користени се податоци од Државниот завод за статистика

Реклама

Право на споделување

Интернет Огласник го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете да најдете голем број на огласи. Интернет Огласник е бесплатен огласник кадешто продавачите и купувачите се среќаваат.

Овој текст, вклучувајќи ги сите слики, графикони и инфографици може да се споделуваат за комерцијални и непрофитни цели. Единствено, потребно е да го споменете изворот и да додадете линк во вашата објава до оваа страница.

Реклама

Најнови текстови на Интернет Огласник

реклама
Реклама

Реклама