Skip to main content
| Market7.mk - Oglasnik | Blog

Просечна исплатена нето плата за декември 2021 година

Број на прегледи: 1430
Реклама

Раст на просечната плата заклучно со декември 2021 година.

 

Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2021 година, во однос на декември 2020 година, изнесува 105.8 објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (13.1 %), Градежништво (12.6 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (12.1 %). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (10.4 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (9.1 %) и Градежништво (7.6 %).

 

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2021 година, изнесува 29.943 денари.

 

Каква е состојбата со останатите професии во Македонија? Согласно расположливите податоци, платите варираат многу во зависност во кој сектор работите и какви типови на работни задачи извршувате.

Највисока исплатена нето плата за декември 2021 година имаат вработените во воздухопловниот транспорт со 118.949 денари, а на второ место се програмерите со 79.180 денари.

Во однос на целата 2021 година, ситуацијата тука е различна, највисока просечна нето плата за цела 2021 година имале програмерите со 73.378 денари, а вработените во воздухопловниот транспорт се неколку места подолу со 52.591 денари.

 

 

А, кој зема најмала плата?

Тоа се дел од вработените во секторот за Административни и помошни услужни дејности, поточно: Заштитни и истражни дејности каде просечната месечна нето плата е 16.325 денари.

 

Market7.mk ја подготви оваа вест со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. Market7.mk е бесплатен интернет огласник каде продавачите и купувачите се среќаваат.

При подготовка на ова соопштение користени се податоци од Државниот завод за статистика

Реклама

Право на споделување

Интернет Огласник го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете да најдете голем број на огласи. Интернет Огласник е бесплатен огласник кадешто продавачите и купувачите се среќаваат.

Овој текст, вклучувајќи ги сите слики, графикони и инфографици може да се споделуваат за комерцијални и непрофитни цели. Единствено, потребно е да го споменете изворот и да додадете линк во вашата објава до оваа страница.

Реклама

Најнови текстови на Интернет Огласник

реклама
Реклама

Реклама