Skip to main content
| Market7.mk - Oglasnik | Blog

Важно известување до сопственици на возила

Број на прегледи: 1472
Реклама

Соопштение од Министерството за внатрешни работи во врска со сообраќајните дозволи.

 

Министерството за внатрешни работи ги информира и апелира до граѓаните дека согласно одредбите од Законот за возила сите оние кои се водат како сопственици на возила за коишто не ја продолжиле важноста на сообраќајната дозвола повеќе од две години законски се должни да го одјават своето возило во Министерството за внатрешни работи, односно во регистрационото подрачје каде возилото се води во евиденција.

 

Истотака, согласно пропишаните норми сопственикот на возилото е должен да го одјави своето возило кај органот што го регистрирал ако:

  • возилото е уништено, односно има статус на искористено возило, согласно со прописите за заштита на животната средина;
  • возилото е трајно изнесено надвор од територијата на Република Северна Македонија;
  • возилото се регистрира во странство заради преселување на сопственикот на возилото, односно од други причини.

 

Министерството за внатрешни работи уште еднаш упатува јавен повик до граѓаните – сопственици на ваквата категорија на возила, најдоцна до 30.06.2022 година да ја извршат законската обврска за одјава на возилата, следствено законската процедура.

 

Ако сопственикот на возилото не го одјави своето возило Министерството за внатрешни работи во согласност со законските надлежности ќе го избрише од евиденција на регистрирани возила и ке преземе мерки за одземање на регистарските таблици на трошок на сопственикот на возилото.

 

Market7.mk го проследи ова соопштение со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На Market7.mk можете на најдете голем број на огласи за продажба на возила. Доколку имате возила за продажба, истите можете бесплатно да ги огласитеMarket7.mk е бесплатен интернет огласник каде продавачите и купувачите се среќаваат.

Извори на податоци: Министерство за внатрешни работи

Реклама

Право на споделување

Интернет Огласник го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете да најдете голем број на огласи. Интернет Огласник е бесплатен огласник кадешто продавачите и купувачите се среќаваат.

Овој текст, вклучувајќи ги сите слики, графикони и инфографици може да се споделуваат за комерцијални и непрофитни цели. Единствено, потребно е да го споменете изворот и да додадете линк во вашата објава до оваа страница.

Реклама

Најнови текстови на Интернет Огласник

реклама
Реклама

Реклама