Skip to main content
| Market7.mk - Oglasnik | Blog

Цените на недвижностите продолжуваат да растат

Број на прегледи: 1623
Реклама

Во 2021 година цените на недвижностите пораснале за 6.1% во однос на 2020 година.

 

Доколку во текот на 2021 година сте барале да купите недвижност сигурно имате забележано дека цените пораснаа значително. Овие зголемувања на цените на недвижностите ги забележуваме на секоја реклама или билборд каде се прикажани цени на нови станови. Тие станови чијашто цена беше 950 евра/м2 сега се продаваат по минимум 1050 евра/м2. Веќе сме сведоци и на цени од 1500 па се до 2000 евра за м2 во централното подрачје на Скопје. Статистиката на цени на недвижности вели дека моменталните цени се највисоки во изминатите 21 година, а особено забрзан е растот на цените во последните 3 години.

 

 

 

Експертите и општата јавност воглавно очекуваа корона кризата да донесе негативни ефекти во сите области, сепак воочуваме дека некои области забележаа раст. Една од тие области е и градежништвото, каде активностите во последните 3 години бележат зголемување, кое пак се должи на зголемената побарувачка за купување на недвижности.

 

Дел од причините за зголемената побарувачка се:

Поради ризикот од економската криза предизвикана од ковид-19 вирусот, многу граѓани своите заштеди се одлучија да ги инвестираат во недвижности;

Каматните стапки на кредитите се на историско најниско ниво, што придонесе популарноста и побарувачката на кредитите да се зголеми и со тоа да се купуваат поголем број на недвижности преку хипотекарни заеми и кредити;

Психолошкиот ефект од социјалното дистанцирање и поминување на повеќе време во сопствените живеалишта придонесе дел од граѓаните да посакаат да имаат сопствени живеалишта;

Поради претходно донесените мораториуми за градење, понудата на изградени и непродадени станови се намали што придонесе за намалување на целокупната понуда на недвижности.

 

Зголемената побарувачка за недвижности во комбинација со поскапувањата на градежните материјали, растот на платите на градежните работници и повисоката инфлација за 2021 година предизвикаа ефект на зголемување на цените на недвижностите во Македонија. 

 

На краток временски рок од 12 месеци, очекувањата се дека цените на недвижностите ќе продолжат да растат поради погоре споменатите причини, а дополнително имајќи во предвид и дека економската активност и приходите на граѓаните се возобновуваат. Позитивен придонес кон растот на цената на недвижностите имаат и очекувањата за старт на преговори за членство со Европската Унија.

 

Дали одговорот за растот на цените на недвижностите е во градење на повеќе станови?

Иако во последните месеци се забележува тренд на зголемување на бројот на издадени одобренија за градење, со рекорд во текот на месец Октомври 2021 година, сепак сметаме дека зголемувањето на понудата минимално ќе влијае на намалување на цената на недвижностите бидејќи општо гледано растот на цените е предизвикан од растот на цените на градежните материјали и растот на платите на градежните работници.

 

 

На ниво на општините, зголеменото градење во една општина може да предизвика благо намалување на цените на недвижности во таа општина, но таквиот ефект е краткотраен бидејќи штом ќе се намали понудата на недвижности во таа општина цената повторно ќе порасне.

 

 

Дали сега е вистинскиот момент за инвестирање во недвижности?

Сметаме дека сеуште постои простор за раст на побарувачката и цената на недвижностите, а со тоа и можност за позитивен поврат на инвестицијата. Нашето мислење го темелиме врз следниве моментални состојби и очекувања:

Каматните стапки на кредитите продолжуваат да паѓаат, а дополнително банките нудат типови на кредити со кои клиентите имаат поголема сигурност (пример фиксна каматна стапка на 10 години);

Каматните стапки на депозитите продолжуваат да бидат ниски и со тоа инвестициите во недвижности се поатрактивни и попрофитабилни;

Платите и приходите на граѓаните се очекува да растат со што се стимулира побарувачката на недвижности;

Понудата на нови недвижности има стабилно ниво или благ раст, со што се спречува небалансирана понуда на пазарот;

Годишните трошоци за поседување недвижност, пример: основни сметки, данок на имот и други даноци, сеуште се ниски и не надминуваат кумулативно повеќе од 1% од вредноста на недвижноста.

 

Market7.mk ја подготви оваа анализа со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На Market7.mk можете на најдете голем број на понуди за продажба и изнајмување на станови, куќи и деловни простории. Доколку имате ваши понуди за недвижности, истите можете бесплатно да ги огласитеMarket7.mk е бесплатен интернет огласник каде продавачите и купувачите се среќаваат.

Извори на податоци: Сопствени анализи, Државен завод за статистика, Народна банка

Реклама

Право на споделување

Интернет Огласник го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете да најдете голем број на огласи. Интернет Огласник е бесплатен огласник кадешто продавачите и купувачите се среќаваат.

Овој текст, вклучувајќи ги сите слики, графикони и инфографици може да се споделуваат за комерцијални и непрофитни цели. Единствено, потребно е да го споменете изворот и да додадете линк во вашата објава до оваа страница.

Реклама

Најнови текстови на Интернет Огласник

реклама
Реклама

Реклама