Skip to main content
| Market7.mk - Oglasnik | Blog

Пребарувајте огласи на Market7.mk според типот на огласувач

Број на прегледи: 776
Пребарувајте огласи на Market7.mk според типот на огласувач Пребарувајте огласи на Market7.mk според типот на огласувач
Реклама

На Market7.mk - огласник објавуваат огласи физички лица и компании. Како да ги сортирате огласите според тоа каков тип на корисник ги има објавено?

 

Всушност многу е лесно. Без разлика дали прегледувате огласи преку компјутер или мобилен телефон, постапката е иста, а постои мала разлика само во изгледот на функциите со цел прегледот на мобилен екран да изгледа полесно и поедноставно за употреба. Пребарувањето на Market7 огласник е замислено да нуди повеќестепено ниво на пребарување. Секогаш кога ќе ја отворите почетната страна (Дома) веднаш ви се видливи централните можности за пребарување по Клучен збор, Локација и Категорија, а под нив е полето „Детално пребарување“.

 

Отворете ја почетната страна на www.internetoglasnik.com/mk и во делот на екранот над средината, ќе го видите полето „Детално пребарување“. Кликнете на ова поле и ќе се појават подетални можности за пребарување на огласи. Со овие нови можности, а во зависност од тоа која категорија ја имате избрано, можете да пребарувате во детали за особините на предметите, недвижностите и услугите што ги барате. 

 

Откако ќе се отворат новите полиња во делот на Детално пребарување, кликнете на полето „Тип на огласувач“ каде можете да изберете од двете понудени опции „Физичко лице“ или „Продавница“. Доколку не изберете опција, туку останете со избор на „Тип на огласувач“ тоа всушност значи дека ќе бидат прикажани огласи од сите типови на огласувачи.

Опцијата „Физичко лице“ е тип на сметка која вообичаено ја користат лица кои не се бават професионално со објава на огласи и вршење препродажба на предмети, недвижности и услуги, туку имаат предмети во лична сопственост и се заинтересирани да ги продадат во половна или нова состојба.

Опцијата „Продавница“ е тип на сметка која вообичаено ја користат претпријатија или трговци чијашто дејност побарува редовно објавување на огласи (агенции за недвижности, автоплацеви, агенции за вработување, мобилари итн.). Дополнително, сите регистрирани сметки на Маркет7 од типот „Продавница“ се објавени и на менито Продавници.

 

Откако ќе ги изберете потребните опции, појдете надолу со екранот и ќе ги видите резултатите кои ги барате. Маркет7 - огласник користи напредни софтверски решенија со кои ви овозможува детално пребарување според голем број на критериуми и особини за објавените огласи.

 

Уживајте во пребарувањето, доколку имате некаков проблем со користењето на нашата веб-страница, ве молиме контактирајте со нас преку следнава форма.

 

Market7.mk ја подготви оваа вест со цел подобро информирање на своите корисници за можностите од користење на Market7 - огласник. Market7.mk е бесплатен интернет огласник каде продавачите и купувачите се среќаваат.

Реклама

Право на споделување

Интернет Огласник го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете да најдете голем број на огласи. Интернет Огласник е бесплатен огласник кадешто продавачите и купувачите се среќаваат.

Овој текст, вклучувајќи ги сите слики, графикони и инфографици може да се споделуваат за комерцијални и непрофитни цели. Единствено, потребно е да го споменете изворот и да додадете линк во вашата објава до оваа страница.

Реклама

Најнови текстови на Интернет Огласник

реклама
Реклама

Реклама