Skip to main content
| Market7.mk - Oglasnik | Blog

Трошоците за материјали во градежништвото се повисоки за 21.6%, поскапени се и останатите трошоци

Број на прегледи: 762
Реклама

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување.

Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.

 

Државниот завод за статистика ги објави Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување за трето тримесечје од 2021 година.

Во третото тримесечје од 2021 година, во споредба со второто тримесечје од 2021 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 5.6 %, трошоците за материјали за 6.5 %, а трошоците за вработените се повисоки за 3.7 %.

 

 

Во третото тримесечје од 2021 година, во споредба со третото тримесечје од 2020 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 16.7 %, трошоците за материјали за 21.6 % и трошоците за вработените се повисоки за 7.2 %.

 

Извор: Државен завод за статистика

 

Забележливо е дека сите типови на трошоци имаат пораст низ изминатите пет години, но особено се забележува дека трошоците за вработените имаат најголем раст во анализираниот период. Во исто време, лесно се воочува дека во последните година ипол растот на сите типови на трошоци е особено изразен.

 

Порастот на цените на основите инпути во градежништвото неминовно води кон поскапување на цените на недвижностите без разлика дали истите ќе се купуваат на ново или половно. Индиректно, ваквите поскапувања на цените на недвижностите ќе придонесе и кон зголемување на цените на кириите за станбени и деловни простории.

 

Market7.mk ја подготви оваа вест со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. Market7.mk е бесплатен интернет огласник каде продавачите и купувачите се среќаваат. На следниов линк ТУКА можете да погледнете огласи за недвижности објавени на Маркет7.

При подготовка на ова соопштение користени се податоци од Државниот завод за статистика

Реклама

Право на споделување

Интернет Огласник го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете да најдете голем број на огласи. Интернет Огласник е бесплатен огласник кадешто продавачите и купувачите се среќаваат.

Овој текст, вклучувајќи ги сите слики, графикони и инфографици може да се споделуваат за комерцијални и непрофитни цели. Единствено, потребно е да го споменете изворот и да додадете линк во вашата објава до оваа страница.

Реклама

Најнови текстови на Интернет Огласник

реклама
Реклама

Реклама