Skip to main content
| Market7.mk - Oglasnik | Blog

Пад на бројот на работниците во индустријата

Број на прегледи: 721
Реклама

Целокупната општествена состојба и економските предизвици кои настанаа од пандемијата на ковид-19 сеуште влечат последици иаку скоро 2 години се поминати од првичната појава на пандемијата.

 

Сите економски сектори трпат удари од последиците на пандемијата, некои повеќе, други помалку, а има и такви кои успеаа предизвиците од ковид-19 да ги сменат во своја полза и да генерираат раст и поголеми приходи.

 

Државниот завод за статистика ги објави податоците за  индексот на бројот на работниците во индустријата во октомври 2021 година и споредено со октомври 2020 година, овој индекс изнесува 97.5 со што бележи опаѓање.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, бележи опаѓање од 7.3%, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 2.3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1.9%.

 

 

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 3.4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.3%, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.4%, Капитални производи за 2.9% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.5%.

 

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – октомври 2021 година, во однос на периодот јануари – октомври 2020 година, изнесува 97.8.

 

 

Позитивен раст на бројот на работниците има во секторските гранки: Производство на тутунски производи со +21.6%, Производство на хемикалии и хемиски производи со +9.2%, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со +4.4%, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема со +6.9%, Производство на компјутерски, електронски и оптички производи со +12.3%, Производство на електрична опрема со +4.1%, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со +5.2% и Производство на мебел со +1.7%.

 

 

Market7.mk ја подготви оваа вест со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. Market7.mk е бесплатен интернет огласник каде продавачите и купувачите се среќаваат.

При подготовка на ова соопштение користени се податоци од Државниот завод за статистика

Реклама

Право на споделување

Интернет Огласник го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете да најдете голем број на огласи. Интернет Огласник е бесплатен огласник кадешто продавачите и купувачите се среќаваат.

Овој текст, вклучувајќи ги сите слики, графикони и инфографици може да се споделуваат за комерцијални и непрофитни цели. Единствено, потребно е да го споменете изворот и да додадете линк во вашата објава до оваа страница.

Реклама

Најнови текстови на Интернет Огласник

реклама
Реклама

Реклама