Skip to main content
| Market7.mk - Oglasnik | Blog

Кои професии земаат најголема плата во Македонија?

Број на прегледи: 764
Реклама

Земате мала плата? Не сте задоволни од личните приходи? Сте размислувале за промена на вашата професија? Можеби треба да помислите...

 

Државниот завод за статистика објави дека индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2021 година, во однос на септември 2020 година, изнесува 105.3. Ваквото зголемување се должи на зголемувањето на платите во секторите: Информации и комуникации, Рударство и вадење на камен и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2021 година, изнесува 28.869 денари.

 

Дали сите во Македонија земаат иста просечна плата? Не, платите варираат многу во зависност во кој сектор работите и какви типови на работни задачи извршувате.

Рекордери во висината на просечната плата се програмерите со просечен месечен нето приход од 75.135 денари или 2,6 пати повеќе од просечната плата.

 

 

Кои се следни на листата?

Далеку позади програмерите се производителите на фармацевтски производи и препарати со 49.188 просечна месечна нето плата, па вработените во воздухопловниот сектор со 48.294 денари месечна плата и вработените во финансиските институции со 46.176 денари месечна плата.

 

Кој зема најмала плата? Тоа се дел од вработените во секторот за Административни и помошни услужни дејности, поточно: Заштитни и истражни дејности каде просечната месечна нето плата е 16.172 денари.

 

Размислувате за промена на вашата кариера? За почеток пробајте да научите некоја нова вештина, знаење или занает, можеби ќе треба да вложите време и напор но, со сигурност на долг рок ќе ви се исплати. Патот до вашиот личен успех побарува искачување на многубројни скалила, бидете трпеливи и качувајте едно по едно скалило.

 

Market7.mk ја подготви оваа вест со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. Market7.mk е бесплатен интернет огласник каде продавачите и купувачите се среќаваат.

При подготовка на ова соопштение користени се податоци од Државниот завод за статистика

Реклама

Право на споделување

Интернет Огласник го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете да најдете голем број на огласи. Интернет Огласник е бесплатен огласник кадешто продавачите и купувачите се среќаваат.

Овој текст, вклучувајќи ги сите слики, графикони и инфографици може да се споделуваат за комерцијални и непрофитни цели. Единствено, потребно е да го споменете изворот и да додадете линк во вашата објава до оваа страница.

Реклама

Најнови текстови на Интернет Огласник

реклама
Реклама

Реклама