Skip to main content
| Market7.mk - Oglasnik | Blog

Состојба и очекувања за цените на недвижностите на македонскиот пазар

Број на прегледи: 919
Реклама

Цените на недвижностите го надминаа максимумот од 2010 година. Кои се очекувањата?

 

Сите сме сведоци на скорешните поскапувања на цените на недвижностите во Македонија. Овие поскапувања ги забележуваме на секоја реклама или билборд каде се прикажани цени на нови станови. Тие станови што претходно чинеа 950 евра/м2 сега се продаваат по минимум 1050 евра/м2. Статистиката вели дека моменталните цени се највисоки во изминатите 21 година, а особено забрзан е растот на цените во последните 3 години.

 

 

Иако очекувањата од корона кризата беа дека истата ќе донесе негативни ефекти во сите области, сепак воочуваме дека некои области забележаа раст. Една од тие области е и градежништвото, каде активностите во последните 32 месеци бележат зголемување, кое пак се должи на зголемената побарувачка за купување на недвижности.

 

Дел од причините за зголемената побарувачка се:

  • Поради ризикот од економската криза предизвикана од ковид-19 вирусот, многу граѓани своите заштеди се одлучија да ги инвестираат во недвижности;
  • Каматните стапки на кредитите се на историско најниско ниво, што придонесе популарноста и побарувачката на кредитите да се зголеми и со тоа да се купуваат поголем број на недвижности преку кредити;
  • Психолошкиот ефект од социјалното дистанцирање и поминување на повеќе време во сопствените живеалишта придонесе дел од граѓаните да посакаат да имаат сопствени живеалишта;
  • Поради претходно донесените мораториуми за градење, понудата на изградени и непродадени станови се намали што придонесе за намалување на целокупната понуда на недвижности.

 

Зголемената побарувачка за недвижности во комбинација со поскапувањата на градежните материјали, растот на платите на градежните работници и повисоката инфлација која за третиот квартал од 2021 година на годишна основа достигна 3,7% предизвикаа ефект на зголемување на цените на недвижностите во Македонија.

 

На краток временски рок од 12 месеци, очекувањата се дека цените на недвижностите ќе продолжат да растат поради погоре споменатите причини, а дополнително имајќи во предвид и дека економската активност и приходите на граѓаните се возобновуваат. Позитивен придонес кон растот на цената на недвижностите имаат и очекувањата за старт на преговори за членство со Европската Унија.

 

Дали сега е време за инвестирање во недвижности?

Сметаме дека сеуште постои простор за раст на побарувачката и цената на недвижностите, а со тоа и можност за позитивен поврат на инвестицијата. Нашето мислење го темелиме врз следниве моментални состојби:

  • Каматните стапки на кредитите продолжуваат да паѓаат, а дополнително банките нудат типови на кредити со кои клиентите имаат поголема сигурност (пример фиксна каматна стапка на 10 години);
  • Каматните стапки на депозитите продолжуваат да бидат ниски и со тоа инвестициите во недвижности се поатрактивни и попрофитабилни;
  • Платите и приходите на граѓаните продолжуваат да растат со што се стимулира побарувачката на недвижности;
  • Понудата на нови недвижности има стабилно ниво или благ раст, со што се спречува небалансирана понуда на пазарот;
  • Годишните трошоци за поседување недвижност, пример: основни сметки, данок на имот и други даноци, сеуште се ниски и не надминуваат кумулативно повеќе од 1% од вредноста на недвижноста.

 

Market7.mk ја подготви оваа анализа со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На Market7.mk можете на најдете голем број на понуди за продажба и изнајмување на станови, куќи и деловни простории. Доколку имате ваши понуди за недвижности, истите можете бесплатно да ги огласитеMarket7.mk е бесплатен интернет огласник каде продавачите и купувачите се среќаваат.

Извори на податоци: Сопствени анализи, Државен завод за статистика, Народна банка

Доколку сакате да ја преземете содржината на овој текст, ве молиме обратете се со електронска порака на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите./mk во која ќе ја наведете вашата намера, со цел да добиете упатство и одобрување.

Реклама

Право на споделување

Интернет Огласник го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете да најдете голем број на огласи. Интернет Огласник е бесплатен огласник кадешто продавачите и купувачите се среќаваат.

Овој текст, вклучувајќи ги сите слики, графикони и инфографици може да се споделуваат за комерцијални и непрофитни цели. Единствено, потребно е да го споменете изворот и да додадете линк во вашата објава до оваа страница.

Реклама

Најнови текстови на Интернет Огласник

реклама
Реклама

Реклама