Skip to main content
| Market7.mk - Oglasnik | Blog

Како да регистрираш твоја сметка на Market7.mk

Број на прегледи: 653
Реклама

Првиот чекор во вашето пристапување во групата на наши лојални клиенти и пријатели е креирање на ваша сметка на најдобриот и бесплатен интернет огласник - Market7.mk.

Што е Market7.mk?

Market7.mk е интернет огласник каде можете бесплатно да објавувате огласи и да пребарувате огласи за производи, предмети, услуги и понуди кои се за продажба, изнајмување, замена или подарување. Категориите кои се застапени на Market7.mk се: Возила; Недвижности; Дом и Градина; Електроника и Апарати за домаќинство; Мода и Изглед; Се за бебиња и деца; Книги, Школо и Канцеларија; Здравје и Убавина; Забава и Спорт; Вработување; Услуги и Опрема; и Миленици и Растенија. Сите овие главни категории имаат голем број на поткатегории, со кои вкупниот број на категории е околу 3,000. Секоја од категориите и сопствените поткатегории имаат дизајнирани полиња со информации со кои можеме да ви приложиме повеќе информации кога пребарувате и разгледувате на Market7.mk.

 

За да можете да објавувате огласи на Market7.mk потребно е да регистрирате ваша сметка тука.

 

Вака изгледа првиот дел од постапката за регистрација на корисник на Market7.mk

 

  • Внесете го вашето Име. Ова е името под кое ќе огласувате на Market7.mk и истото ќе биде видливо за сите посетители. Доколку огласувате како продавница, ова ќе биде името на вашата продавница.
  • Внесете ваше корисничко име. Чувајте го корисничкото име за себе, бидејќи треба да е тајна. Со корисничкото име ќе се најавувате на Market7.mk. За корисничко име можете да ја внесете и вашата емаил адреса.
  • Шифра - внесете шифра, односно лозинка која само вие ќе ја знаете, бидејќи истата ќе ја користите за најава на Market7.mk
  • Потврдете ја шифрата за да бидете сигурни дека правилно ја имате внесено.
  • Е-пошта - Внесете ја вашата е-пошта адреса (емаил адреса). На оваа емаил адреса ќе добивате нотификации за вашите огласи и истата ќе ви служи доколку го заборавите корисничкото име или лозинка.
  • Потврдете ја вашата е-пошта за да бидете сигурни дека правилно ја имате внесено.

 

Следниот чекор при регистрацијата на сметка е да одберете тип на сметка. На Market7.mk има два типа на сметки и истите се бесплатни.

  1. Физичко лице
  2. Продавница

 

Разликата помеѓу овие две сметки е што сметката „Продавница“ нуди поголеми можности за себепромоција и истата служи за правни лица или индивидуи (физички лица) кои често објавуваат огласи или самостојно вршат дејност. На Market7.mk со посета на Продавници можете да видите листа од сите регистрирани продавници.

 

 

  • Внесете слика за вашиот профил /продавница. Препорачуваме слика со добра резолуција и квалитет.
  • Изберете тип на сметка. Можете да изберете помеѓу Физичко лице и Продавница (доколку изберете продавница, ве молиме погледнете ги дополнителните чекори подолу).
  • Изберете локација од која огласувате. Предлагаме да изберете од сите каскадни полиња.
  • Внесете ја ваашта адреса (улица и број)
  • Внесете го вашиот поштенски код.

 

На мапата изберете ја вашата точна локација. Преку оваа мапа, посетителите на Market7.mk ќе може полесно да ве најдат.

 

Доколку изберете Продавница. Дополнителни полиња ќе се појават за кои препорачуваме да ги пополните, бидејќи информациите од овие полиња ќе служат за подобра видливост на вашата продавница.

 

 

  • Изберете Дејност за вашата продавница.
  • Опишете ја дејноста на вашата продавница. Што работите. Кои се вашите успеси. Колку долго работите и кои производи и услуги ги нудите.
  • Внесете телефонски број на кој може да ве контактираат.
  • Внесете мобилен број со Viber или Whatsapp апликација преку која корисниците ќе може да ве контактираат.
  • Внесете е-маил адреса на вашата продавница.
  • Доколку имате веб-страница за вашата продавница (односно компанија, бизнис) внесете ја во полето.

 

  

  • Следниот чекор е да ги прочитате и доколку се согласувате со Условите за употреба и Политиката за приватност на Market7.mk, штиклирајте ги полињата пред нив.
  • Market7.mk користи Google reCaptcha систем за да овозможи безбедност на веб-страницата и да спречи роботизирани напади. Изберете го полето I'm not a robot (Јас не сум робот) и системот ќе ја потврди вашата активност.
  • За крај, изберете го копчето „Зачувај“

 

Честитки, Вие сега имате регистрирано сметка на Market7.mk. Продолжете да ги разгледувате огласите или додадете оглас.

 

Драго ни е што сте наш пријател.

Реклама

Право на споделување

Интернет Огласник го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете да најдете голем број на огласи. Интернет Огласник е бесплатен огласник кадешто продавачите и купувачите се среќаваат.

Овој текст, вклучувајќи ги сите слики, графикони и инфографици може да се споделуваат за комерцијални и непрофитни цели. Единствено, потребно е да го споменете изворот и да додадете линк во вашата објава до оваа страница.

Реклама

Најнови текстови на Интернет Огласник

реклама
Реклама

Реклама