Skip to main content
| InternetOglasnik.com | Blog

Market7.mk се преименува во InternetOglasnik.com - поубав дизајн и подобри услуги

Број на прегледи: 572
Маркет7 огласник преминува во Интернет Огласник Маркет7 огласник преминува во Интернет Огласник
Реклама

Имаме одлични вести! Маркет7 огласник се преименува во Интернет Огласник и ќе биде достапен на internetoglasnik.com со нов поубав дизајн и подобри услуги. Новиот дизајн е модерен и едноставен, одличен е за пребарување низ страницата, а воедно е одличен и за прикажување на вашите огласи.

Со новиот дизајн и новите функционалности доаѓаат измени за кои сакаме да ве информираме:

    1. Маркет7 огласник се преименува во Интернет Огласник и истиот е достапен на веб-страницата InternetOglasnik.com

    2. Старата веб-страница на Маркет7 огласник ќе биде достапна до 31 декември за разгледување на додадените огласи и заради извршување на платените промоции. Линковите кои се поставени на предната страница на Маркет7 огласник ќе редиректираат кон соодветните страници на Интернет Огласник.

    3. Сите огласи од Маркет7 се веќе префрлени на Интернет Огласник и истите се достапни на следниов ЛИНК.

    4. Префрлени се сите кориснички профили и корисниците веќе може да се најават на нивните постоечки профили на Интернет Огласник на следниов ЛИНК. Заедно со корисничките профили префрлени се и поените кои ги има секој од корисниците.

    5. Имињата на социјалните профили на Маркет7 огласник ќе бидат преименувани во Интернет Огласник

    6. Направивме измени во делот на системот за пребарување на огласи. Сега, на почетната страница се избира главната категорија по која сакате да пребарувате, а потоа го притискате копчето „Филтрирај огласи“ со што можете детално да пребарувате и филтрирате низ огласите.

    7. Додадовме нова основна категорија „Земјоделство“. Сметаме дека треба да се даде повеќе внимание на земјоделците и да се овозможи пазар на половни земјоделски машини, производи и услуги.

    8. Категориите „Телефони“, „ИТ“ и „Спорт, Хоби и Уметност“ се одделуваат од нивните матични категории и постануваат основни категории. Сметаме дека треба да се даде поголемо внимание на овие категории и да се овозможи полесен пристап до истите за нашите корисници.

    9. Категоријата „Лични контакти“ се брише и сите идни огласи за оваа категорија нема да бидат одобрувани. Воедно, ве информираме дека нема да се дозволува закуп на платени промоции за огласи коишто се за лични контакти или слични огласи за масажи или други слични огласи.

    10. Нема повеќе да постои можност за објава на оглас без најава и без регистриран профил. Согласно измените, за корисникот да може да објави оглас, ќе биде потребно да има креирана сметка и да биде најавен на истата на следниов ЛИНК за да може да објави оглас на следниов ЛИНК.

    11. Заради подобро управување со огласите и нивните мета-податоци воведовме „краток опис“ на огласот. Во ова ново поле можете да напишете кратко инфо за огласот. Ова поле претставува мета-податок којшто се користи при споделување на социјални мрежи и при пребарување на Google и други пребарувачи. Стандардно, го задржуваме досегашното поле „опис на огласот“ кадешто можете да внесете детален опис на огласот.

    12. Воведовме статус на т.н. Верификуван корисник. Секој оглас кога ќе биде објавен ќе треба да биде одобрен од администраторите на Интернет Огласник. Исклучок од ова правило се „верификуваните корисници“ коишто може да објават оглас и истиот автоматски ќе биде одобрен и објавен на предната страна и на другите страници за огласување. Статусот на „верификуван корисник“ ќе биде доделуван согласно „однесувањето“ на корисникот, односно доколку корисникот претставува легитимна компанија, потврдено физичко лице кое плаќа преку кредитна картичка и објавува огласи коишто не содржат спамирачка, навредлива, лажна или еротска содржина, овие профили на корисници од нашиот систем ќе бидат препознавани и ќе им биде доделен статус на верификуван корисник. 

    13. Се менуваат видовите на промоции. Претходните промоции „Специјален оглас“ и „Топ позиција“ сега се обединуваат и постануваат еден вид на промоција „Промовирано“. Воедно, се зголемува бројот на локации на коишто ќе се прикажуваат огласите кои користат ваков тип на Промовирана промоција. На ваков начин обезбедуваме дополнителни поволни бенефити за нашите корисници, а притоа цената за промовираната промоција останува иста како и претходно. Промоцијата „Промовирано“ овозможува повеќекратно зголемување на видливоста на огласот. Огласите со промоција „Промовирано“ ќе се прикажуваат во специјална галерија на почетната страна, ќе ротираат во група од три огласи на почетокот од листата со огласи, ќе ротираат во група од три огласи на крајот на листата со огласи, ќе ротираат во група од два огласи на поединечна страница од оглас и ќе се прикажуваат во блог текстовите. Прочитајте повеќе ТУКА за огласување и промоција на огласи.

    14. Го менуваме системот за плаќање. Започнавме соработка со STRIPE коишто се најпознат светски процесор за плаќање со дебитни и кредитни картички. Од сега па натаму, при плаќање на Интернет Огласник ќе ви излегува нов прозорец за плаќање со картичка, а на вашата емаил адреса ќе ви пристигне потврда за извршеното плаќање. Прочитајте повеќе информации ТУКА за начините на плаќање на Интернет Огласник.

    15. Во периодот што следи, Интернет Огласник ќе ја прошири својата мрежа и во други балкански држави. Во моментов активна е веб-страницата за Македонија. Како ќе ги финализираме веб-страниците и за останатите држави, ќе ги додаваме на почетната страница на Интернет Огласник.

 Доколку сакате да оставите коментар за овие промени или имате дополнителни прашања, повелете контактирајте со нас преку следнава КОНТАКТ форма.

Ви пожелуваме успешно користење на Интернет Огласник.

Реклама

Право на споделување

Интернет Огласник го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете да најдете голем број на огласи. Интернет Огласник е бесплатен огласник кадешто продавачите и купувачите се среќаваат.

Овој текст, вклучувајќи ги сите слики, графикони и инфографици може да се споделуваат за комерцијални и непрофитни цели. Единствено, потребно е да го споменете изворот и да додадете линк во вашата објава до оваа страница.

Реклама

Најнови текстови на Интернет Огласник

реклама
Реклама

Реклама