Skip to main content
| Internet Oglasnik | Blog

10 совети за оптимална температура во домот или канцеларијата

Број на прегледи: 1015
10 совети за да постигнете оптимална температура во домот или канцеларијата 10 совети за да постигнете оптимална температура во домот или канцеларијата
Реклама

Одржувањето оптимална температура во вашиот дом е клучно за вашата удобност и здравје. Како што надворешните температури се менуваат со годишните времиња, така сите ние треба да ја прилагодуваме и регулираме температурата во нашите домови за да обезбедиме максимален комфор но, и да ги заштитиме нашите предмети, мебел и ѕидови од несакани флеки, мувла и слично.

Во овој текст споделуваме десет совети и начини за одржување на оптимална температура во вашиот дом.

Дали завршивте со уредувањето на вашиот дом, дали ја организиравте вашата трпезарија и дали ја уредивте вашата бања? Сега е време да мислите за одржување на оптимална температура во вашиот дом.

  

Користете програмабилни термостати

Програмабилните термостати се суштински алатки за регулирање на температурата во вашиот дом. Тие се поврзуваат со вашите грејни или разладувачки апарати и ја контролираат нивната работа, односно темпо на работа. Тие ви дозволуваат да поставите специфични температури за различни периоди од денот, овозможувајќи ви да заштедите енергија кога не сте дома или спиете. На пример, можете да го програмирате термостатот да ја намалува температурата кога сте надвор или да ја зголеми кога ќе се вратите дома. Генерално, програмирањето на вашиот термостат помага да го одржувате вашиот дом во комфорно зона, а истовремено да ги намалите трошоците за електрична енергија или друг тип на енергија што користите (пелети, гас, нафта и слично).

  

Правилна изолација

Изолацијата е неопходна за регулирање на температурата во вашиот дом. Материјалите за изолација, како што се стиропор, тервол, камена волна, стаклена волна, фиберглас, целулоза или изолациона пена за прскање, ја изолираат внатрешноста на вашата куќа од надворешната средина, следствено контролирајќи го преносот на топлина или ладен воздух. Соодветната изолација помага вашиот дом да биде топол во зима и ладен во лето, односно да се намали интеракцијата меѓу внатрешната температура и надворешната температура со што се намалува потребата од прекумерно трошење на енергија за загревање или ладење.

  

  

Одржувајте проток на воздух

Правилниот проток на воздух е од суштинско значење за максимизирање на удобноста во вашиот дом. Протокот на воздух се однесува на движењето на воздухот низ вашиот станбен простор. Циркулацијата на воздухот носи свеж воздух, помагајќи да се регулира температурата и да се отстранат загадувачите од воздухот во вашиот дом. Одржувањето на правилен проток на воздух може да се постигне преку редовно вентилирање со отворање на прозорците, користење вентилатори или дури и употреба на клима системи (стандардни клими, инвертери, мулти-сплит системи и слично). Секогаш имајте во предвид дека треба особено да се внимава на протокот на воздух во внатрешните простории (спални, бањи, тоалети, остави) бидејќи истите обично имаат помалку движење или се затворени без прозорци, а со тоа и помалку можности за вентилација.

  

Внимателно позиционирајте ги апаратите за домаќинство кои генерираат топлина

Апаратите за домаќинство, како што се шпорети, фрижидери и фурни ослободуваат топлина, а со тоа ја зголемуваат амбиенталната температура во нивната близина. Кога надвор е топло, овие апарати може да ја зголемат топлината во вашиот дом. Како резултат на тоа, многу е важно да ги држите овие апарати што создаваат топлина подалеку од вашиот термостат или клима уред за да спречите зголемена потрошувачка на енергија, особено во летната сезона.

  

Користете завеси и ролетни

Третирањето на прозорците со завеси, ролетни, венецијанки, зебра-завеси, фолии и слично се ефикасни начини за контролирање на температурата во вашиот дом. За време на топлите сончеви денови, симнувањето на ролетните и затворањето на завесите помага да се намали преносот на топлина и сончева енергија од надворешноста кон внатрешноста на вашиот дом. Од друга страна, во зимскиот период отворањето на завесите овозможува поголемо количество на сончева светлина и енергија во просторот, а притоа загревајќи ги просториите за живеење. Завесите се ефикасна алатка за користење заедно со климатизацијата, особено за време на жешките сезони, бидејќи спречуваат влез на сончева топлина и го намалуваат оптоварувањето врз клима уредот. Користете светли бои на завеси бидејќи привлекуваат помалку светлина, акумулираат помалку топлина, а со тоа и помалку зрачат топлина во вашиот простор.

  

  

Контролирајте ја влажноста

Високата влажност во вашиот дом ги прави топлите температури да бидат неподносливи. Регулирањето на нивото на влажност во вашиот дом е од суштинско значење за одржување на оптимална температура. Одвлажнувачите и клима уредите се ефикасни уреди во контролирањето на нивото на влажност. Високото ниво на влажност може да предизвика здравствени проблеми како астма и да ги зголеми шансите за појава на мувла во домот. Кога ќе се појави мувлата, таа постанува проблем кој многу тешко се решава и искоренува. Гледајте да ги спречите причините за нејзината појава, една од тие причини е големата влажност во вашиот дом во комбинација со слаба циркулација на воздухот и ретко проветрување.

  

Користете вентилатори

Иако во последно време употребата на вентилатори е намалена, сепак истите нудат одличен начин да го дополните вашиот систем за греење и / или ладење додека го одржувате домот топол или ладен без да поставувате различни грејни или разладни апарати во различни простории од вашиот дом. Протокот на воздух од вентилаторот ја циркулира топлината заробена во горните делови на вашиот дом и ја редистрибутира кон други зони на просторот каде температурата е пониска. Исто така, вентилаторите спаѓаат во групата на ниски потрошувачи на енергија, што значи дека заштедуваат на трошоците за електрична енергија.

  

Вградете енергетски ефикасни прозорци

Енергетски ефикасните прозорци се одлична опција за регулирање на преносот на топлина во вашиот дом. За разлика од типичните прозорци, кои овозможуваат навлегување на топлина за време на жешките сезони, енергетски ефикасните прозорци се дизајнирани да ја рефлектираат топлината назад (кон надвор), спречувајќи ја да навлезе во вашиот дом. Покрај придонесувањето кон оптимална температура во вашиот дом преку спречување на пренос на топлина, енергетски ефикасните прозорци, исто така, ја минимизираат потрошувачката на електрична енергија во вашиот дом, што ги прави прифатлива опција за ефикасно загревање и ладење на вашиот дом.

  

  

Користете Зонирање

Зонирањето е поим кој објаснува поставување на термостати во секоја потребна просторија со кои се регулира дотокот на топлина или ладење во секоја посебна соба. Со зонирање се постигнува ефектот да секоја соба има своја температура. На прв поглед ваквата постапка изгледа на непотребен луксуз, но всушност истата е многу потребна и помага во намалување на трошоците за греење / ладење и го подобрува комфорот во вашиот дом.  На пример, во зима препорачливо е да ги одржувате спалните соби поладни од дневната просторија бидејќи полесно ќе спиете. Во лето, дневната просторија е препорачливо да биде поладна од спалните. Инсталирањето термостати или вентили кај што е потребно ќе ви овозможи самостојно да ја контролирате температурата на секоја соба, што помага да заштедите енергија и пари.

  

Правилно одржување на клима уредите

Највиталната алатка за управување со температурата во вашиот дом е системот за греење, вентилација и климатизација, тоа е всушност вашиот клима уред или уреди доколку имате повеќе вакви апарати. Редовните постапки за чистење и поправка ќе го одржуваат вашиот уред да работи ефикасно и со супер перформанси. Запушените или прљави филтри, прашината или неисправните делови може да доведат до прегревање на системите и нивно неоптимално работење, што негативно ќе влијае на регулацијата на температурата во вашиот дом. Редовното чистење и одржување го зголемува протокот на воздух и гарантира правилна и оптимална функционалност на системот, а исто така овозможува ефикасно работење на опремата и минимизирање на трошоците и потрошувачката на енергија.

  

Заклучок

Регулирањето на температурата во домот е од клучно значење за удобноста во вашиот дом и здравјето на вашето семејство. Како заклучок, спроведувањето на овие десет совети и начини наведени во овој текст, ќе ви помогнат ефикасно да постигнете и да ја контролирате оптималната температура во вашиот дом. Следствено, со монтирање на соодветна изолација, одржување на соодветен проток на воздух, контролирање на нивото на влажност, вградување енергетски ефикасни прозорци, инсталирање на програмабилен термостат, користење на вентилатори, користење завеси и ролетни, внимателно позиционирање на апаратите кои генерираат топлина, користење на зонирање и правилно одржување на вашиот клима уред, вие ќе можете поефикасно да ја одржувате оптималната температура во вашите домови, а притоа намалувајќи ја потрошувачката на енергија и трошоците.

 

Овој текст првично е објавен на Skopje Time.

InternetOglasnik.com го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете на најдете голем број на објавени огласи. Доколку имате возила, недвижности или други предмети за огласување, истите можете бесплатно да ги огласитеInternetOglasnik.com е бесплатен интернет огласник каде продавачите и купувачите се среќаваат.

Реклама

Право на споделување

Интернет Огласник го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете да најдете голем број на огласи. Интернет Огласник е бесплатен огласник кадешто продавачите и купувачите се среќаваат.

Овој текст, вклучувајќи ги сите слики, графикони и инфографици може да се споделуваат за комерцијални и непрофитни цели. Единствено, потребно е да го споменете изворот и да додадете линк во вашата објава до оваа страница.

Реклама

Најнови текстови на Интернет Огласник

реклама
Реклама

Реклама