Skip to main content
| Market7.mk - Oglasnik | Blog

На овој ден во историјата - 6 Мај

Број на прегледи: 638
Eurotunnel ceremonija Eurotunnel ceremonija
Реклама

На 6 мај 1994 година од страна на Кралицата Елизабета и францускиот претседател Митеранд официјално е отворен Евротунелот или познат како Каналски тунел.

 

Евротунелот претставува подводен железнички тунел под протокот Ламанш со должина од 50,5 километри кој ги поврзува Фолкстоун, Кент во Англија со Кокел, близу Кале во северна Франција. Најниската точка на тунелот е 75 метри длабочина под морското дно и 115 метри под нивото на морето.

Низ тунелот се движат брзите Еуростар патувачки возови, Еуротунел шатл возот за превоз на автомобили како и меѓународни железнички товарни возови.

Идејата за транспортен тунел меѓу Англија и Франција датира многу рано уште од 1802 година. Сериозни градежни активности се започнати во 1988, а тунелот е отворен во 1994 година. Иаку цената за проектот надминала повеќе од 80% над предвидениот првичен буџет, сепак истиот проект е реализиран порано од предвиденото за скоро една година.

Една од машините користена за бушење на тунелот

Една од машините користена за бушење на тунелот.

 

Евротунелот претставува инженерско, градежно и транспортно чудо. Во текот на една година низ него се пренесуваат преку 10 милиони патници и 1,3 милиони тони стоки и производи.

 

Market7.mk го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На Market7.mk можете на најдете голем број на објавени огласи. Доколку имате возила, недвижности или други предмети за огласување, истите можете бесплатно да ги огласитеMarket7.mk е бесплатен интернет огласник каде продавачите и купувачите се среќаваат.

Реклама

Право на споделување

Интернет Огласник го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете да најдете голем број на огласи. Интернет Огласник е бесплатен огласник кадешто продавачите и купувачите се среќаваат.

Овој текст, вклучувајќи ги сите слики, графикони и инфографици може да се споделуваат за комерцијални и непрофитни цели. Единствено, потребно е да го споменете изворот и да додадете линк во вашата објава до оваа страница.

Реклама

Најнови текстови на Интернет Огласник

реклама
Реклама

Реклама