Skip to main content
| Market7.mk - Oglasnik | Blog

Стелантис ќе произведува електрични автомобили во Србија

Број на прегледи: 1022
Stellantis logo Market7 oglasnik Stellantis logo Market7 oglasnik
Реклама

Нова доба е на повидок за производството на електрични автомобили во југоисточна Европа.

 

Имено, Владата на Србија потпиша договор со автомобилскиот конгломерат Стелантис за производство на електрични автомобили во фабриката во Крагуевац. Оваа фабрика е поранешната локација на фабриката за автомобили „Застава“ која беше многу популарна во поранешната држава Југославија и во текот на деведесетите години од минатиот век. Во процесот за нејзино трансформирање и економско закрепнување, фабриката беше приватизирана во партнерство со компанијата Фиат (сега во сопственост на Стелантис). Република Србија сеуште има 33% сопственост во оваа фабрика.

 

Потпишаниот договор за производство на електрични возила е во вредност од 190 милиони евра, а 48 милиони евра се очекува да бидат инвестирани од српските власти. Во моментов во фабриката во Крагуевац се произведува Фиат 500Л миникомбе верзија на возило, а се очекува во 2024 година да започне производството на сосема нов модел на електрично возило. Стелантис не ја исклучуваат можноста во иднина во оваа фабрика истовремено да се произведуваат и два модели на возила.

 

Стелантис имаат амбициозна мисија и посветено работат до крајот на оваа деценија целосно да преминат кон производство на електрични возила. Во својата понуда имаат 16 марки на возила меѓу кои најпознати на нашиот пазар се Фиат, Алфа Ромео, Опел, Пежо, Ланчија, Цитроен, Крајслер, Џип, Доџ, Масерати и други.

 

Market7.mk го проследи ова соопштение со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На Market7.mk можете на најдете голем број на огласи за продажба на возила. Доколку имате возила за продажба, истите можете бесплатно да ги огласитеMarket7.mk е бесплатен интернет огласник каде продавачите и купувачите се среќаваат.

Реклама

Право на споделување

Интернет Огласник го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете да најдете голем број на огласи. Интернет Огласник е бесплатен огласник кадешто продавачите и купувачите се среќаваат.

Овој текст, вклучувајќи ги сите слики, графикони и инфографици може да се споделуваат за комерцијални и непрофитни цели. Единствено, потребно е да го споменете изворот и да додадете линк во вашата објава до оваа страница.

Реклама

Најнови текстови на Интернет Огласник

реклама
Реклама

Реклама