Skip to main content
| Market7.mk - Oglasnik | Blog

Дали сте виделе Опел тркачка кола на ракетен погон?

Број на прегледи: 666
Opel RAK 2 colorized Opel RAK 2 colorized
Реклама

На 23 мај 1928 година, Фриц фон Опел постигна рекорд возејќи го своето Opel RAK 2 возило на ракетен погон.

Фриц фон Опел е внук на познатиот Адам Опел, основач на автомобилската компанија Opel, и со својот футуристички тркачки автомобил опремен со странични стабилизирачки крила се има запишано во историјата кога на 23 мај 1928 година во Берлин, Германија постигнал рекордна брзина од 238км/ч. За да ја постигне оваа брзина, Фриц на својот автомобил монтирал 24 ракети со цврсто гориво кои го дале потребниот потисок и брзина. Целиот настан се одвивал пред 3.000 публика, а Фриц со неговиот ракетен Опел оставал огнена трага позади него и притоа воодушевувајќи ја публиката. Фриц ќе го добие надимакот „Рокет Фриц“ по ова претставување, а воедно ќе докаже дека ракетниот погон е моќен и дека истиот може да се контролира.

Фриц фон Опел со неговото Opel RAK 2 возило со вклучен ракетен погон

 

Opel RAK 2 ракетно возило со воодушевена публика во позадината

 

Мотивирани од нивниот успех во Берлин, Фриц фон Опел и неговиот соработник Фридрих Сандер продолжуваат уште похрабро да експериментираат. На 23 јуни 1928 година поставиле нов рекорд со шинско возило Opel RAK 3, постигнувајќи 256км/ч. Во следните години постигнале значајни успеси и со мотори произведени од Опел. На 30 септември 1929 година постигнале уште еден значаен подвиг, го извеле првиот јавен авиолет на ракетен погон. Името на авионот е Opel Sander RAK 1.

 Opel RAK 3 шинско возило

 

Opel Sander RAK 1 авион на ракетен погон

 

Market7.mk го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На Market7.mk можете на најдете голем број на објавени огласи. Доколку имате возила, недвижности или други предмети за огласување, истите можете бесплатно да ги огласитеMarket7.mk е бесплатен интернет огласник каде продавачите и купувачите се среќаваат.

Реклама

Право на споделување

Интернет Огласник го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете да најдете голем број на огласи. Интернет Огласник е бесплатен огласник кадешто продавачите и купувачите се среќаваат.

Овој текст, вклучувајќи ги сите слики, графикони и инфографици може да се споделуваат за комерцијални и непрофитни цели. Единствено, потребно е да го споменете изворот и да додадете линк во вашата објава до оваа страница.

Реклама

Најнови текстови на Интернет Огласник

реклама
Реклама

Реклама