Skip to main content
| Market7.mk - Oglasnik | Blog

На овој ден во историјата - 11 Мај

Број на прегледи: 814
Volvo logo Volvo logo
Реклама

На 11 мај 1915 година шведската компанија SKF ја регистрираше трговската марка Volvo за специјална серија на лагери.

 

Трговската марка Volvo (латински збор за „се тркалам“) првпат беше регистрирана од производителот на лагери SKF (Svenska Kullagerfabriken), со намера да се користи за специјална серија на лагери за американскиот пазар (интересно е што во пријавата за трговската марка истата била заведена и за намена за автомобили), но никогаш не била користена за лагери. Наместо планираната нова трговска марка „Volvo“, SKF сепак се одлучиле да го користат сопственото лого како што изгледа и денес на сите нивни производи.

Volvo XC90

 

После поминати 15 години во чекање, во 1927 година трговската марка „Volvo“ повторно е употребена, сега како заштитен знак и име на компанија за автомобили. Во 1935 година компанијата Volvo е понудена за продажба на шведската берза, а SKF ги има продадено најголемиот дел од акциите. Во 1999 година Volvo ќе биде купено од автомобилската компанија Ford како дел од нивната премиум линија на автомобили. Во 2010 година Volvo e купена од кинеската компанија Geely Holding Group и од тој момент Volvo компанијата продолжува да расте, да развива нови модели и да освојува нови пазари за продажба. Volvo возилата важат за едни од најбезбедните и најлуксузните возила на пазарот. Во рамки на трговската марка „Volvo“ се продаваат патнички и товарни возила, а воедно и градежна механизација од различни типови.

Градежна механизација, дампер, марка Volvo

 

Market7.mk го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На Market7.mk можете на најдете голем број на објавени огласи. Доколку имате возила, недвижности или други предмети за огласување, истите можете бесплатно да ги огласитеMarket7.mk е бесплатен интернет огласник каде продавачите и купувачите се среќаваат.

Реклама

Право на споделување

Интернет Огласник го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете да најдете голем број на огласи. Интернет Огласник е бесплатен огласник кадешто продавачите и купувачите се среќаваат.

Овој текст, вклучувајќи ги сите слики, графикони и инфографици може да се споделуваат за комерцијални и непрофитни цели. Единствено, потребно е да го споменете изворот и да додадете линк во вашата објава до оваа страница.

Реклама

Најнови текстови на Интернет Огласник

реклама
Реклама

Реклама