Skip to main content
| InternetOglasnik.com | Blog

20 начини како да заштедите пари на гориво за вашето возило

Број на прегледи: 1968
Реклама

Дали сте и вие дел од големиот број возачи на кои сериозно им влијаат високите цени на горивата? Подолу има 20 начини како да заштедите пари и да ја подобрите потрошувачката на гориво.

Во изминатите години значително се има подобрено ефикасноста на возилата од аспект на потрошувачката на гориво, без разлика дали станува збор за половни или нови возила. Сепак, возачите сеуште трошат голема сума пари за полнење на резервоарите за гориво, а и употребата на возилата секојдневно се зголемува.

Според Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, во 2019 година на домашниот пазар се потрошени 938.356 тони нафтени деривати, во 2020 година главно поради пандемијата има голем пад со вкупна потрошувачка од 811.698 тони, во 2021 година се потрошени 901.538 тони нафтени деривати, а во 2022 година потрошувачката на домашниот пазар е зголемена и изнесува 1.010.322 тони нафтени деривати. За 2023 година оваа бројка моментално не е јавно достапна, но од оваа перспектива очекуваме дека потрошувачката е зголемена во 2023 во однос на 2022 година.

Кога говориме за Вас, вашите годишни трошоци за гориво не се нешто врз кои вие имате целосна контрола. Едноставно затоа што секое полнење на гориво чини повеќе кога цените на нафтените деривати се зголемуваат. Но, вреди да се спомене дека навиките за возење влијаат на потрошувачката на гориво, а вие сигурно можете да влијаете на вашите навики.

Како да заштедите пари на гориво за вашето возило?

Постојат три типа на навики врз кои Вие треба себеси да си влијаете:

  • Планирање на која бензиска станица да полните гориво;
  • Промена на вашите навики на возење;
  • Навремено одржување на вашето возило.

Подолу се 20 начини кои ќе ви помогнат да влијаете на вашите навики и да заштедите пари на краток, но и на долг временски рок.

1. Највисоката цена на нафтените деривати ја одредува Регулаторната комисија според која бензиските пумпи може да продаваат во малопродажбата, сепак одредени бензински пумпи за да бидат поконкуренти овозможуваат попуст за секој литар гориво, најчесто тоа е попуст од 1 денар од официјалните цени на горивата. Проверете дали има таква бензинска станица во непосредна близина на вашиот дом или работа. Ако трошите 100 литри гориво месечно, тоа се 100 денари повеќе во вашиот џеб секој месец.

 

credit card photo High Quality

2. Ако имате кредитна картичка која ви дава поени за лојалност или попуст на секоја уплата, гледајте да ја користите таа кредитна картичка, ќе бидете изненадени колку награди може да стекнете на подолг временски период. Вакви картички нудат повеќето македонски банки и со нив можете да добиете неколку проценти попуст или во поени од износот на сметката при плаќање на бензиските станици.

3. Одредени бензински пумпи ги рекламираат нивните нафтени деривати како економични и наведуваат дека додаваат адитиви во горивата со кои го подобруваат целокупното согорување на горивото, ефикасноста на потрошувачката и здравјето на возилото. Подобро е да полните гориво на вакви бензиски станици кои гарантираат за квалитетот на горивата кои ги продаваат.

4. Сигурно можете да го измените вашиот начин на патување за да го намалите бројот на возења и поминатите километри, особено ако вашето работно место е во централните подрачја на градот или далеку од вашиот дом. Имајте ги во предвид следниве совети:

(1) Формирајте екипа со вашите колеги од работа и делете кола со која заедно ќе патувате кон работа. Не е потребно да се возите само во една кола, можете да го менувате возилото и да се менува и шоферот, но трошоците ќе ги делите.

(2) Почнете да користите јавен превоз. Запомнете, времето поминато во автобус е време кое можете да си го посветите себеси, постојат одлични апликации за учење преку мобилен телефон за да го дополните вашето знаење за време на патувањето.

(3) Патувајте со велосипед до работа, или можеби со електричен скутер. Може да ви биде многу забавно.

5. Доколку имате можност, работете од дома. Вие сеуште можете да бидете продуктивни и да заштедите време и пари. Ако обично патувате 30 минути во една насока, сега можете да имате 1 дополнителен час во денот, искористете го паметно.

6. Дали знаете кој е најбрзиот пат до вашето работно место или дестинација? Дали знаете кога има метеж во сообраќајот? Планирајте ја вашата маршута за движење за да избегнете сообраќаен метеж и да имате помалку застанувања поради семафорите итн. Слушајте ги нашите радио станици или можете да користите Google Maps, за да добиете убав совет за тоа каде да избегнете голем метеж во сообраќајот.

7. Полека со ногата на педала за гас! Возете го нежно возилото како да уживате во мирна музичка симфонија. Ако често забрзувате и ненадејно запирате, ќе трошите повеќе гориво по патување. Исто така, имајте на ум дека трошоците за одржување ќе се зголемат, можеби дури и целокупната состојба на вашето возило ќе се влоши, што нема да ви биде драго кога ќе објавите оглас со вашето возило за продажба на огласи со половни автомобили. Погледнете некој од огласниците во Македонија (InternetOglasnik.com , Vozi, Pazar3, Reklama5) и ќе видите дека добро сочуваните половни возила секогаш постигнуваат повисока продажна цена.

8. Секогаш почитувајте го ограничувањето на брзината на патот. Ова не е само за вашата и туѓата безбедност, туку е препорачливо и за вашето возило. Возењето со ниска гас и разумна брзина се одлични за ефикасна потрошувачка на гориво. Размислете, секогаш кога ќе притиснете повеќе на педалата за гас трошите повеќе на гориво.

9. Обидете се да ја намалите работата во место на вашето возило. Кога возилото ви работи во место вие не одите никаде, а сепак трошите на гориво. Обидете се да го изгасите вашето возило секогаш кога е можно за да заштедите гориво. Со вакви постапки не само што штедите пари, ја чувате и животната средина со тоа што не загадувате. Повеќето нови возила имаат Start-Stop опција, користите ја оваа опција колку што е можно повеќе.

10 Кога одите некаде со вашето возило, обидете се да го паркирате најблиску до главната улица, дури и ако тоа значи повеќе пешачење за вас. Ако можете да заштедите 5 и повеќе минути на возење и вртење низ раскрсници и згради, вреди да се обидете.

driving photo High Quality

11. Кога имате повеќе обврски за кои ви е потребно возило, пример да одите до пазар, банка, супремаркет итн, обидете се да ги извршите во едно возење. Секој од нас бил во ситуација да заврши една обврска, па да се врати дома и потоа повторно да излезе да вози и да заврши нешто друго. Обидете се да го планирате денот и обврските. Завршете ги вашите обврски во текот на една активност, на ваков начин ќе заштедите време и пари. Ќе се изненадите колку можете да бидете ефикасни.

12. Прозорците на возилото треба да бидат затворени, особено кога возите по автопат. Потрошувачката на гориво е многу зависна од аеродинамичните перформанси на вашето возило, па секогаш кога ќе ги отворите прозорците при поголеми брзини, може да забележите зголемување на потрошувачката на гориво.

13. Ако не сте знаеле претходно, горивото испарува! Така, ако го држите резервоарот полн ќе испарува помалку гориво бидејќи има помалку воздух во него.

14. Ограничете ја употребата на клима уредот. Понекогаш е подобро да го отворите прозорецот кога возите низ град, но ако се одлучите да го користите, обидете се да го користите во еко режим. Нема потреба внатрешната температура во вашето возило да биде 19 степени или 29 степени, ќе ви биде подеднакво удобно и на 23 степени.

15. Дали носите екстра тежина во вашето возило? Размислете да оставите некои од вашите работи дома. Возилата трошат повеќе гориво кога носат поголема тежина. Проверете го багажникот на вашето возило, можеби има гуми од минатата сезона, чувајте ги дома.

16. Ако располагате со доволно пари, размислувајте да купите електрично возило или можеби хибридно возило. На прв поглед овие типови на возила имаат повисоки трошоци за купување, но сепак чинат многу помалку за возење и одржување. Разгледајте ги и владините мерки и стимулации за купување и возење на електрични возила.

17. Гумите се контакт точки на вашето возило со патот. Тие треба да бидат соодветно напумпани, во добра состојба и соодветни за сезоната. Ако гумите се слабо напумпани, ќе имате поголема потрошувачка на гориво.

18. Моторното масло е крвотокот на моторот на вашето возило. Секогаш користете согласно препораките на произведувачот. Вршете навремена промена на маслото, вклучително и филтрите за масло, гориво, воздух и клима.

19. Внимавајте на целокупната состојба на резервоарот за гориво и капачето. Не сакате да ви се случи да ви истекува гориво кога го возите вашето возило. Како прво, тоа е опасно, но и ќе ве чини пари.

20. Прочитајте си го упатството за одржување на вашето возило и секогаш навремено вршете ги сите промени и поправки. Не сакате да ви се случи да имате дефект во моторот или сензорите и да трошите гориво непотребно. Добро одржуван мотор и сите пропратни елементи секогаш ќе работат ефикасно.

Нашиот главен совет!

Горенаведените начини за заштеда на трошоци за гориво не побаруваат темелна или радикална промена на вашиот животен стил. Со нивна примена вие ќе видите позитивни промени и ќе ви останат повеќе пари во џеб.

savings photo High Quality

Што друго можете да направите?

Започнете да го перцепирате вашето возило како генератор на приход, а не само како трошок. Во денешното време во кое живееме постојат многу опции каде што можете дополнително да работите како доставувач за поштенски компании, онлајн веб-страници за храна и продавници за намирници. Со ваква дополнителна работа, можете да заработите екстра приход и да ги покриете вкупните трошоци кои ги имате за поседување на возилото.

Интернет Огласник го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете на најдете голем број на огласи. Доколку имате возила за продажба, истите можете бесплатно да ги огласите. Интернет Огласник е бесплатен огласник каде продавачите и купувачите се среќаваат.

Извори на податоци: сопствени анализи, РКЕ

Реклама

Право на споделување

Интернет Огласник го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете да најдете голем број на огласи. Интернет Огласник е бесплатен огласник кадешто продавачите и купувачите се среќаваат.

Овој текст, вклучувајќи ги сите слики, графикони и инфографици може да се споделуваат за комерцијални и непрофитни цели. Единствено, потребно е да го споменете изворот и да додадете линк во вашата објава до оваа страница.

Реклама

Најнови текстови на Интернет Огласник

реклама
Реклама

Реклама