Skip to main content
| Market7.mk - Oglasnik | Blog

Кои професии се најплатени во Македонија?

Број на прегледи: 974
Реклама

Просечната плата се зголемува, дали сите имаат иста корист од тоа?

 

Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, изнесува 104.5 објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи на зголемувањето на платите во секторите: Други услужни дејности, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна и Информации и комуникации. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2021 година, изнесува 29.145 денари.

 

Каква е состојбата со останатите професии во Македонија? Согласно расположливите податоци, платите варираат многу во зависност во кој сектор работите и какви типови на работни задачи извршувате.

Највисока просечна нето плата имаат програмерите со 73.540 денари или 2,5 пати повеќе од просечната плата.

 

 

Како оди понатаму листата?

Позади програмерите се производителите на фармацевтски производи и препарати со 47.933 просечна месечна нето плата, па вработените во воздухопловниот сектор со 45.656 денари месечна плата и вработените во финансиските институции со 44.995 денари месечна плата.

 

А, кој зема најмала плата?

Тоа се дел од вработените во секторот за Административни и помошни услужни дејности, поточно: Заштитни и истражни дејности каде просечната месечна нето плата е 16.216 денари.

 

Market7.mk ја подготви оваа вест со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. Market7.mk е бесплатен интернет огласник каде продавачите и купувачите се среќаваат.

При подготовка на ова соопштение користени се податоци од Државниот завод за статистика

Реклама

Право на споделување

Интернет Огласник го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете да најдете голем број на огласи. Интернет Огласник е бесплатен огласник кадешто продавачите и купувачите се среќаваат.

Овој текст, вклучувајќи ги сите слики, графикони и инфографици може да се споделуваат за комерцијални и непрофитни цели. Единствено, потребно е да го споменете изворот и да додадете линк во вашата објава до оваа страница.

Реклама

Најнови текстови на Интернет Огласник

реклама
Реклама

Реклама