Драги пријатели
Нашата мисија и цел е вам да ви овозможиме технички и содржински најдобро подготвен електронски огласник, кадешто ќе можете едноставно и лесно да објавувате огласи, реклами, производи и пазарни промоции и да пребарувате низ многуте категории и локации за да ги најдете предметите, услугите и понудите кои вам совршено ви одговараат.
Напорно работевме за да го донесеме Market7.mk на вакво одлично ниво. Голем број саати на посветено работење се инвестирани со цел вие да добиете лесно и прецизно пребарување. Market7.mk е електронски огласник во кој се застапени многубројни категории, правејќи го општ (генерален) електронски огласник на кој посетителите може да додаваат огласи и пребаруваат во голем број на категории и локации. Нашиот фокус на работење е во Македонија и нејзиното население. Со гордост ги нудиме услугите на Market7.mk на следниве јазици: Македонски, Албански и Англиски јазик. Нашата цел е да продолжиме со подобрување на услугите кои ги нудиме и да го рашириме работењето на Market7.mk во други европски земји.
На Market7.mk можете да објавувате бесплатни огласи и да пребарувате огласи за производи, предмети, услуги и понуди кои се за продажба, изнајмување, замена или подарување. Категориите кои се застапени на Market7.mk се: Возила; Недвижности; Дом и Градина; Електроника и Апарати за домаќинство; Мода и Изглед; Се за бебиња и деца; Книги, Школо и Канцеларија; Здравје и Убавина; Забава и Спорт; Вработување; Услуги и Опрема; и Миленици и Растенија. Сите овие главни категории имаат голем број на поткатегории, со кои вкупниот број на категории е околу 3,000. Секоја од категориите и сопствените поткатегории имаат дизајнирани полиња со информации со кои можеме да ви приложиме повеќе информации кога пребарувате и разгледувате на Market7.mk.
Со Market7.mk управува компанијата Андромеда ДООЕЛ и нејзиниот тим. Ние сме регистрирано правно лице со локација во град Скопје, Македонија. Името на нашата компанија доаѓа од ѕвездената галаксија Андромеда – најблиската ѕвездена галаксија до нашата. Логиката и визијата на нашето име ја отсликуваат магичната совршеност на нашиот Универзум, каде милиони различни објекти заедно може да формираат една совршена галаксија – Андромеда. Нашата цел е вие да уживате во најдобриот е-огласник, да објавувате и пребарувате многубројни огласи со целосно чувство на едноставност и брзина.
Ваши пријатели,
Андромеда и тимот
За Market7.mk
- Детали
- Напишано од Market7.mk - Oglasnik