1. Што е Market7.mk?
Market7.mk е бесплатен електронски огласник.
Нашата мисија и цел е вам да ви овозможиме технички и содржински најдобро подготвен електронски огласник, кадешто ќе можете едноставно и лесно да објавувате огласи, реклами, производи и пазарни промоции и да пребарувате низ многуте категории и локации за да ги најдете предметите, услугите и понудите кои вам совршено ви одговараат.
За повеќе информации посетете ја страницата За Market7.mk
2. Кои се Условите за употреба на Market7.mk?
Со пристапување до www.market7.mk и неговите поврзани веб-страници, домени, поддомени, услуги, апликации или алатки (колективно наречени „Market7.mk“) се согласувате со Условите за употреба, кои се дизајнирани за да се осигураме дека Market7.mk ќе работи за секого.
За повеќе информации посетете ја страницата Услови за употреба.
3. Која е Политиката за приватност на Market7.mk?
Кога се регистрирате на Market7.mk и објавувате огласи, реклами, производи и пазарни промоции ние ќе прибереме и зачуваме некои ваши информации. Политиката за приватност ќе ви објасни зошто собираме и како ги користиме овие информации. За повеќе информации во врска со кои податоци ги прибираме и како истите може да бидат искористени, ве молиме посетете ја страницата Политика за приватност.
4. Како да креирам сметка на Market7.mk?
За да креирате ваша сметка на Market7.mk појдете и кликнете на полето Креирај сметка. Потоа ќе треба да ги внесете вашите контакти и детали. Внесете име кое ќе биде јавно видливо на вашата сметка на Market7.mk. Внесете корисничко име, лозинка и емаил адреса која ќе се користи исклучиво за најава на електронскиот огласник Market7.mk. Потоа изберете каков тип на сметка ќе отворите и пополнете ги соодветно полињата кои се побаруваат. Можете да изберете меѓу Физичко лице и Продавница. Разликата меѓу двата типа на сметки е во тоа дека типот Продавница е наменет за правни лица или физички лица кои вршат поголем обем на огласување. Сите сметки регистрирани како типот Продавница може да бидат разгледани доколку ја посетите страницата Продавници.
5. Дали се наплаќа за додавање огласи на Market7.mk?
За да додавате и објавувате огласи на Market7.mk потребно е првин да креирате /регистрирате ваша сметка. Додавање и објавување огласи, реклами, производи и пазарни промоции на Market7.mk е бесплатно. Вашиот оглас ќе биде видлив на Market7.mk во наредните 365 дена од денот на објава. Доколку сакате вашиот оглас да привлече повеќе внимание и да има поголема гледаност, во тој случај можете да изберете една или повеќе од платените промоции за огласи.
6. Како да платам на Market7.mk?
Постојат повеќе начини за плаќање на Market7.mk. Можете да платите со кредитна /дебитна картичка, со банкарски трансфер или со кредити. За повеќе информации посетете ја страницата Информации за плаќање.
Доколку не најдовте одговор на вашето прашање, ве молиме контактирајте со нас.
Андромеда и тимот