Политика за приватност и колачиња


Драги пријатели

Тука можете да ја прочитате Политиката за приватност и колачиња која се употребува на нашата веб-страница. За сите дополнителни прашања можете да не контактирате преку нашата КОНТАКТ форма. Доколку продолжите со употреба и пребарување на Интернет Огласник ќе сметаме дека ја прифаќате нашата Политика за приватност и колачиња.

# 1: Кој е администратор на вашите лични податоци?

Кога употребувате Интернет Огласник ние прибираме и чуваме дел од вашите лични податоци. Оваа политика за приватност и колачиња ќе ви објасни зошто ги прибираме овие податоци и како ги користиме вашите лични податоци. Доколку имате дополнителни прашања или ви е потребно дополнително објаснување вов рска со користењето на вашите лични податоци, слободно контактирајте со нас.

# 2: Колачиња

Колачињата се датотеки зачувани во вашиот интернет прелистувач со цел да го персонализираме вашето веб-искуство со бесплатниот Интернет Огласник. Со прифаќање на нашата политика за приватност, вие се согласувате да користиме колачиња. Ние ги користиме овие софтверски колачиња со цел да го подобриме вашето искуство во прелистувањето и да добиваме извештаи за појавени грешки кога ја користите нашата веб-страница.

# 3: Лични податоци

Личните податоци што ги собираме од вас може да вклучуваат ваше име и презиме, адреса, е-адреса, телефонски број и IP-адреса. Ние ги собираме овие информации само кога објавувате оглас или се регистрирате во нашиот систем и ни требаат овие информации со цел да ве идентификуваме и регистрираме како корисник, да ги потврдиме вашите постапки и да ве контактираме во врска со употребата на Интернет Огласник или да одговориме на вашите прашања. Вашите телефонски број и е-адреса може да ги користат други посетители на веб-страниците за да ве контактираат во врска со вашиот оглас. Ние не ги споделуваме овие информации со трети лица.

# 4: Локација

Кога пребарувате на Интернет Огласник, може да ја искористиме вашата IP адреса за да ја откриеме вашата локација. Овие информации ни требаат за да го персонализираме вашето искуство, особено кога користите пребарување со мапа на нашата страница или барате огласи на Мапа. Вашата локација е потребна за да ви ја покажеме соодветната локација на Мапата и огласите во близина на вашата локација. Ние исто така може да ја користиме вашата локација за да ви покажеме соодветни банери или гео-насочен маркетинг од Google и други ад-сервери.

# 5: Информации за кредитни картички

Кога плаќате за услуги од страна на Интернет Огласник, ги внесувате информациите за вашата кредитна картичка со цел да извршите плаќање. Бидејќи процесот на плаќање го водат трети даватели на услуги-плаќања, информациите за вашата кредитна картичка ние не ги зачувуваме и немаме пристап до овие информации во ниту една фаза од процесот на плаќање.

# 6: Системски известувања (нотификации)

Користејќи го бесплатниот Интернет Огласник, давате согласност дека понекогаш ќе добивате системски известувања на вашата е-адреса со кои ве известуваме за успешно додаден или изменет оглас, предупредувања дека истекува периодот на активност на оглас или претплата, што значи дека огласот ќе истече ако не го обновите и други видови известувања во врска со вашите активности на Интернет Огласник. Системските известувања се дизајнирани да служат како потсетници или корисни совети за подобрување на вашето искуство на Интернет Огласник. Не можете да се исклучите од приемот на системски известувања. Единствениот начин да престанете да ги добивате е да ја избришете вашата корисничка сметка преку страницата Интернет Огласник.

Со почит,

Интернет Огласник