Драги пријатели
Се надеваме дека уживате во користењето на бесплатниот огласник Market7.mk Нашата цел е да бидеме најдобра веб-страница за огласување и пребарување на вашите огласи, реклами, производи и пазарни промоции. За да постигнеме таква амбициозна цел, нашите стандарди на однесување потребно е да бидат на највисокото можно ниво. Ние максимално се вложуваме за да ви овозможиме најлесно и најубаво искуство кога го користите нашиот електронски огласник.
Market7.mk нуди бесплатно електронско огласување на огласи, реклами, производи и пазарни промоции, Дополнително на бесплатните услуги, Market7.mk нуди платени промоции за подобро промовирање и поголема видливост на вашите огласи, како и можноста за купување на поени кои ќе ги користите во сооднос 1 поен = 1 денар за промовирање на огласи.
Постојат неколку начини преку кои се извршува плаќање на Market7.mk
Плаќање со кредитна или дебитна картичка
![]()
Ова е најдобриот и најбрзиот начин на плаќање на Market7.mk бидејќи плаќањата реализирани преку овој систем се регистрираат веднаш и овозможуваат вашиот промовиран оглас побрзо да биде објавен или вашите поени побрзо да бидат додадени на вашата сметка.
Market7.mk користи најнапредна технологија за да обезбеди сигурност на вашите платежни трансакции и целокупното корисничко искуство. Market7.mk користи SSL - Secure Sockets Layer, протокол за безбедност на Интернет заснован на криптирање за да обезбеди приватност, автентификација и интегритет на податоците во интернет комуникациите. Покрај тоа, Market7.mk користи порти за плаќање (payment gateway) кои се докажано безбедни. Во согласност со препораките за безбедност на информациите, при плаќање на Market7.mk вие ќе бидете префрлени на платформата на платежните системи и вашите податоци од платежната картичка во ниту еден момент нема да бидат на увид или зачувани од страна на Market7.mk.
Плаќање со уплатница (ПП10 или ПП30) преку банкарски шалтер или електронско банкарство
Плаќање со уплатница може да се изврши преку шалтер во банка (со уплатница ПП10/ПП30) или со користење на електронско банкарство (уплатница ПП30) од банката во која Вие сте клиент (напомена: потребно е да имате активирано електронско банкарство. Контактирајте ја вашата банка за повеќе информации). Плаќањето со уплатница е побавен процес и најчесто е потребно од 1 до 2 работни дена за средствата да пристигнат на сметката на Market7.mk. Кога плаќате со уплатница, доколку сакате да го забрзате процесот за објава на вашиот промовиран оглас или за побрзо додавање на купените поени на вашата сметка, можете да ја скенирате/сликате уплатницата или потврдата од електронскиот трансфер да ги испратите на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и да напишете за кој број на оглас и број на плаќање се работи.
Oсновни информации за уплата на средства кон Market7.mk:
Назив на примач:
Андромеда ДООЕЛ Скопје
Адреса:
Ѓорче Петров, Скопје
Трансакциска сметка на примач:
270-0742672001-67
Банка на примач:
Халк Банка
Погледнете ги примерите со слики како да пополните уплатница за плаќање кон Market7.mk
ПП10 (за плаќање на шалтер во банка)
![]()
ПП30 (за плаќање преку електронско банкарство)
![]()
Плаќање со поени
Мarket7.mk ви нуди можност да ја дополните вашата сметка со поени кои можете да ги користите за плаќање при промоција на огласи. Поените имаат вредност од 1 поен = 1 Денар и се одлична можност за функционирање на компании или физички лица кои имаат потреба за почесто промовирање на огласи или користат други видови на платени услуги на Market7.mk. Поените не застаруваат и можат да бидат искористени во било кој период се додека вашата сметка на Market7.mk е активна. Поените може да се надополнат со купување на еден од понудените пакети со поени. Начините за плаќање при купување на поени се со употреба на Кредитна/Дебитна картичка или со Уплатница со банкарски трансфер. Со употреба на поени при плаќање на Market7.mk се заштедува време и ресурси.
Поврзано со процесите за плаќање на Market7.mk ве молиме прочитајте ги Условите за употреба и Политиката за приватност.
Ваши пријатели,
Андромеда и тимот
Информации за плаќање
- Детали
- Напишано од Market7.mk - Oglasnik