Skip to main content

| Интернет Огласник | Blog

Мерцедес постави нов рекорд во возење на електричен погон

| Blog
Mercedes Vision EQXX Mercedes Vision EQXX
Реклама

Електричното концепт возило Mercedes Vision EQXX успешно помина 1202км од Штутгарт до Силверстон со едно полнење на сопствените батерии.

Во април 2022 година, Мерцедес со истото концепт возило постави рекорд кога помина 1000+км со едно полнење на батериите. Сега, Мерцедес го надмина сопствениот рекорд и со истото возило помина 1202км од Штутгарт, Германија до Силверстоун, Англија со едно полнење на батериите.

Mercedes Vision EQXX мапа на патување, извор: Mercedes соопштение

Почнувајќи од Штутгарт, Германија, концепт возилото на Мерцедес ја премина француската граница во близина на градот Стразбург пред да се упати кон Кале во Франција за да пројде низ Евротунелот под Ламанш и да влезе во Англија. Потоа, застана во базата на Мерцедес Ф1 во Бракли за промена на возачот, пред конечно да сврти и некое кругче на тркачката патека во Силерстоун.

Целокупното патување траеше 14 часа и 30 минути со просечна брзина на движење од 83км/ч, а во текот на 8 часа од ова патување бил вклучен и клима уредот. Ова се импресивни резултати имајќи во предвид дека работењето на климата претставува голем напор за секое возило и предзвикува зголемена потрошувачка, а ова особено е важно за електричните возила.

Mercedes Vision EQXX има капацитет на батерија од околу 100 kWh, што е отприлика ист капацитет со батеријата што ќе ја најдете во Tesla Model S во новите произведени модели. Ова е многу важно да се напомене, бидејќи за да го постигнат овој рекорд Мерцедес не го зголемиле капацитетот на батеријата до неоптимални граници и со прекумерна тежина.

Целокупниот рекорд на Мерцедес покажа дека електричниот концепт може да помине 100 километри со 8.3kWh енергија, иаку од Мерцедес потврдуваат дека дел од успехот се должи и на  потоплите температури во текот на патувањето кои придонеле за пооптимално искористување на ресурси.

Концепт возилото на Мерцедес изгледа како супер вселенски брод од иднината, со коефициент на отпор на воздух од само 0,17 што е за пофалба, моќноста е солидна со 241 КС, а максималната брзина е 140 километри на час. Но, на кого му треба поголема брзина за возење? Во однос на тежината на возилото, истата изнесува 1.755 килограми.

Пристигнувајќи во Силверстоун со останато уште малку електрично полнење во батеријата, Концепт возилото EQXX го презеде возачот Ник де Вриес (Nyck de Vries) од Формула Е серија, кој возеше дополнителни 11 кругови за да го достигне конечниот вкупен број на поминати километри на концепт електричното возило Mercedes Vision EQXX.

Погледнете ја следнава галерија со прекрасни слики од Mercedes Vision EQXX

 

 

InternetOglasnik.com го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете на најдете голем број на објавени огласи. Доколку имате возила, недвижности или други предмети за огласување, истите можете бесплатно да ги огласитеInternetOglasnik.com е бесплатен интернет огласник каде продавачите и купувачите се среќаваат.

Реклама

Право на споделување

Интернет Огласник го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете да најдете голем број на огласи. Интернет Огласник е бесплатен огласник кадешто продавачите и купувачите се среќаваат.

Овој текст, вклучувајќи ги сите слики, графикони и инфографици може да се споделуваат за комерцијални и непрофитни цели. Единствено, потребно е да го споменете изворот и да додадете линк во вашата објава до оваа страница.

Реклама

Најнови текстови на Интернет Огласник

реклама
Реклама

Реклама