Skip to main content
| Market7.mk - Oglasnik | Blog

Супер спортскиот автомобил Rimac Nevera доби регистарски таблици и влегува во сообраќај

Број на прегледи: 566
Rimac Nevera Rimac Nevera
Реклама

Основачот на Rimac Automobili објави дека супер спортскиот автомобил Rimac Nevera доби регистарски таблици од градот Загреб и ќе почне да се вози низ патиштата на Хрватска.

Римак Невера е целосно електричен спортски автомобил дизајниран и произведен од хрватскиот производител на автомобили Rimac Automobili.

Rimac Nevera со загребски регистарски таблици, извор: Facebook

 

Првиот сериски прототип на овој автомобил беше објавен во август 2021 година. Производството на Nevera е ограничено на вкупно 150 возила. Nevera се произведува во истата фабрика и со иста стапка (од приближно 1 неделно) како и Pininfarina Battista, која се базира на истата платформа.

Автомобилот иницијално беше претставен на Саемот за автомобили во Женева во 2018 година под името „Rimac Concept Two“, но по неговото лансирање беше преименуван во Rimac Nevera. Тоа е втор автомобил на производителот на автомобили по Rimac Concept One и е опишан како „ултимативно искуство во возење со електричен хиперавтомобил“.

 

ИДЕЈА ЗА ИМЕТО

Името Невера доаѓа од хрватскиот збор за ненадејни и кратки бури, обично придружени со молњи, кои се јавуваат првенствено долж хрватскиот јадрански брег.

 

ПРОИЗВОДСТВО

Во јуни 2020 година, Rimac отвори нов објект во Велико Трговишќе, кој служи како погон за производство на Nevera прототипите за хомологација, како и за производство на возилата наменети за клиентите. Со полн капацитет на работа, се планира производство од 4 возила месечно. Испораката на автомобилите на клиентите првично беше планирана во 2020 година, но беше одложена поради COVID-19 пандемија.

 

СЕРТИФИКАЦИЈА

Во февруари 2022 година, по четири години тестирање, се комплетираше програмата за тестирање на безбедноста на Nevera како дел од процесот за глобална сертификација. Во рамки на овие процеси беа завршени американските тестови за пасивна безбедност, а европското тестирање се заврши во 2021 година.

 

ПОГОН

Секое од четирите тркала на Nevera е поединечно управувано од електрични магнетни мотори. Заедно тие произведуваат вкупно 1.427 kW (1.914 КС) и 2.360 Nm вртежен момент. Едностепениот менувач ги поврзува предните и задните тркала. Согласно спецификациите од производителот, Nevera има способност да забрзува од 0-97 km/h за 1,85 секунди, што ја прави потенцијално најбрзата сериска спортска кола во светот. Според Rimac Automobili, од 0 до 161 km/h (0–100 mph) ќе забрзува за 4,3 секунди, 0–299 km/h за 9,3 секунди и ќе има максимална брзина од 412 km/h.

 

Погледнете ја следнава галерија со слики од Rimac Nevera

 

Market7.mk го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На Market7.mk можете на најдете голем број на објавени огласи. Доколку имате возила, недвижности или други предмети за огласување, истите можете бесплатно да ги огласитеMarket7.mk е бесплатен интернет огласник каде продавачите и купувачите се среќаваат.

Реклама

Право на споделување

Интернет Огласник го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете да најдете голем број на огласи. Интернет Огласник е бесплатен огласник кадешто продавачите и купувачите се среќаваат.

Овој текст, вклучувајќи ги сите слики, графикони и инфографици може да се споделуваат за комерцијални и непрофитни цели. Единствено, потребно е да го споменете изворот и да додадете линк во вашата објава до оваа страница.

Реклама

Најнови текстови на Интернет Огласник

реклама
Реклама

Реклама