| Market7.mk - Oglasnik | Blog

Фиат 126 – култно возило од минатиот век

Број на прегледи: 816
Polski Fiat 126 Polski Fiat 126
Реклама

На 6 јуни 1973 година започна да се произведува Полската верзија на Фиат (Fiat) 126 или попознато како „Пегла“, возило кое ќе постане симбол за комунистичките држави.

Фиат 126 е мал градски автомобил предвиден за четири патници, со заден мотор, произведуван и продаван од Фиат во текот на период од дваесет и осум години од 1972 до 2000 година. Моделот е претставен од страна на Fiat во октомври 1972 година на саемот за автомобили во Торино како модерна замена на Fiat 500, а притоа користејќи главни дизајнерски и технолошки елементи од неговиот дизајн.

Полски Фиат модел 126

 

Поголемиот дел од „Пегли-те“ (околу 3,3 милиони) биле произведени во Полска по лиценца и биле продавани како Polski Fiat 126p. По првичната успешност на Полски Фиат, моделот 126 е произведуван по лиценца и од Застава во Југославија како Застава 126. Во Југославија моделот ќе постане познат под името Пеглица, Пегла и Пегличка. Вкупното производство на моделот 126 ќе достигне 4,7 милиони произведени возила и ќе се продава на повеќе пазари.

Пегла-та во зависност од моделот, на понуда имала мотор со 594cm3 или поновите верзии со 652cm3, и двете верзии на мотори нуделе моќност од 23 коњски сили. Друга верзија на мотор кој Пегла-та го користела е моторот со 704cm3 и моќност од 26КС.

 

Market7.mk го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На Market7.mk можете на најдете голем број на објавени огласи. Доколку имате возила, недвижности или други предмети за огласување, истите можете бесплатно да ги огласитеMarket7.mk е бесплатен интернет огласник каде продавачите и купувачите се среќаваат.

Реклама

Право на споделување

Интернет Огласник го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете да најдете голем број на огласи. Интернет Огласник е бесплатен огласник кадешто продавачите и купувачите се среќаваат.

Овој текст, вклучувајќи ги сите слики, графикони и инфографици може да се споделуваат за комерцијални и непрофитни цели. Единствено, потребно е да го споменете изворот и да додадете линк во вашата објава до оваа страница.

Промовирани

Реклама

Најнови текстови на Интернет Огласник

реклама
Реклама

Реклама