Skip to main content
| Market7.mk - Oglasnik | Blog

Раст на трошоците во градежништвото за прв квартал од 2022 година

Број на прегледи: 737
troshoci vo gradezhnishtvoto vo Makedonija troshoci vo gradezhnishtvoto vo Makedonija
Реклама

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување.

Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.

Државниот завод за статистика ги објави Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување за првиот квартал од 2022 година.

Во првиот квартал од 2022 година, во споредба со четвртиот квартал од 2021 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 7.5 %, трошоците за материјали за 10 %, а трошоците за вработените за 2.3 %.

Раст на трошоците на годишно ниво

 

Во првиот квартал од 2022 година, во споредба со првиот квартал од 2021 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 23.8 %, трошоците за материјали за 29.3 % и трошоците за вработените за 12.5 %.

Историски преглед, извор: Државен завод за статистика

 

Од табелите увидуваме дека сите типови на трошоци имаат пораст низ изминатите пет години, но особено забележителен е растот на сите типови на трошоци во последните година ипол.

Моменталното темпо на пораст на трошоците во градежништвото е загрижувачко. Цените на недвижностите се поскапени без разлика дали истите се купуваат на ново или половно. Индиректно, ваквите поскапувања на цените на недвижностите ќе придонесат и кон зголемување на цените на наемите за станбени и деловни простории. Од прегледот на објавени огласи на македонските огласници, се забележува дека постои тенденција на зголемување на цените по метар-квадратен на нови и половни недвижности кои се огласени за продажба и/или наем. Растот на овие цени не е рамномерен, односно не е еднаков низ сите локации, туку се забележува посилен раст кај некои општини, а особено централните подрачја на градовите, наспроти други општини и руралните средини каде растот е послаб.

Во исто време, како одговор наспроти силната инфлација, се зголемуваат каматните стапки на кредитите со кои се очекува намалување на кредитната активност и забавување на побарувачката за нови недвижности, а со тоа стабилизирање на цените на недвижностите.

 

Market7.mk го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На Market7.mk можете на најдете голем број на објавени огласи. Доколку имате возила, недвижности или други предмети за огласување, истите можете бесплатно да ги огласитеMarket7.mk е бесплатен интернет огласник каде продавачите и купувачите се среќаваат.

При подготовка на ова соопштение користени се податоци од Државниот завод за статистика

Реклама

Право на споделување

Интернет Огласник го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете да најдете голем број на огласи. Интернет Огласник е бесплатен огласник кадешто продавачите и купувачите се среќаваат.

Овој текст, вклучувајќи ги сите слики, графикони и инфографици може да се споделуваат за комерцијални и непрофитни цели. Единствено, потребно е да го споменете изворот и да додадете линк во вашата објава до оваа страница.

Реклама

Најнови текстови на Интернет Огласник

реклама
Реклама

Реклама