Skip to main content

| Market7.mk - Oglasnik | Blog

Првиот лет на астронаути со приватна ракета

| Blog
Crew Dragon Demo-2 crew Crew Dragon Demo-2 crew
Реклама

На 30 мај 2020 година беше лансирана првата приватна ракета со астронаути до Меѓународната вселенска станица.

Crew Dragon Demo-2 (или познато и како: SpaceX Demo-2) беше првиот тест-лет со екипаж на вселенското летало Crew Dragon. Вселенското летало монтирано на ракетата Falcon 9 Booster беше лансирано на 30 мај 2020 година и со себе ги носеше астронаутите на NASA Даглас Харли и Роберт Бенкен до Меѓународната вселенска станица. Важно за оваа мисија е дека беше прва вселенска мисија со екипаж управувана од приватна компанија. Вселенското летало Демо-2 ја сертифицираше својата употреба за вселенски летови со екипаж, а притоа користејќи технологија од компанијата SpaceX.

Постер по повод лансирањето на ракетата Falcon 9 со вселенското летало Crew Dragon Demo-2

 

Процесот на приклучување со Меѓународната вселенска станица беше автономно контролиран од Crew Dragon и постојано надгледуван од екипажот во случај да настане потреба за мануелна интервенција. Вселенското летало успешно се спои со Меѓународната вселенска станица на 31 мај 2020 година, по поминати деветнаесет часа од лансирањето. По првичното спојување, процесот е комплетиран со затворање на 12 мануелни куки за да се осигура безбедност на системите. Астронаутите Харли и Бенкен работеле заедно со екипажот на МВС, а извршиле и четири вселенски прошетки надвор од станицата за да извршат редовни технички одржувања и замена на делови. Вселенското летало SpaceX Demo-2 програмирано се има откачено од станицата на 1 август 2020 година и тринаесет часа подоцна заедно со астронаутите слетало на Земјата. Слетувањето било извршено со слетување на вода.

Лансирање на ракетата Falcon 9 со вселенското летало Crew Dragon Demo-2

 

Market7.mk го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На Market7.mk можете на најдете голем број на објавени огласи. Доколку имате возила, недвижности или други предмети за огласување, истите можете бесплатно да ги огласитеMarket7.mk е бесплатен интернет огласник каде продавачите и купувачите се среќаваат.

Реклама

Право на споделување

Интернет Огласник го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете да најдете голем број на огласи. Интернет Огласник е бесплатен огласник кадешто продавачите и купувачите се среќаваат.

Овој текст, вклучувајќи ги сите слики, графикони и инфографици може да се споделуваат за комерцијални и непрофитни цели. Единствено, потребно е да го споменете изворот и да додадете линк во вашата објава до оваа страница.

Реклама

Најнови текстови на Интернет Огласник

реклама
Реклама

Реклама