Skip to main content
| Market7.mk - Oglasnik | Blog

Првата трка на 24 часа Ле Ман

Број на прегледи: 601
24h Le Man 24h Le Man
Реклама

На 26 мај 1923 година започнала првата 24 часовна трка Ле Ман.

Познатата трка 24 часа Ле Ман првпат се има одржано на 26 и 27 мај во 1923 година низ јавните патишта околу Ле Ман, Франција. Првично, настанот бил планиран како тригодишен по што би бил прогласен победник со автомобил кој поминал најмногу растојание во текот на трите последователни трки, секоја од по 24 часа.

Од 1928 година, секоја година се прогласувало победник на 24 часа Ле Ман според тоа кој автомобил ќе успеел да помине најдалечно растојание во текот на 24часа кога траела трката. На раните трки од 24 часа Ле Ман доминирале француските, британските и италијанските возачи, тимови и автомобили, а најголемите марки кои учествувале во тој период биле Bugatti, Bentley и Alfa Romeo. Низ годините дизајнот на тркачките автомобили постојано се подобрувал за да се унапредат аеродинамичните карактеристики и моторните перформанси, а со цел постигнување на поголеми брзини.

Постер од првата трка 24 часа Ле Ман

 

Поради избувнувањето на Втората светска војна, натпреварувањето прекинало да се организира и по пауза од 10 години, повторно започнало да се одржува во 1949 година.

Во денешницата, трката 24 часа Ле Ман сеуште се одржува и претставува настан во кој тимовите и нивните возила треба да ја докажат својата посветеност и спремност во текот на 24 часовното возење со многу високи брзини. Во скорешните трки започнаа да се применуваат и спецификациите за т.н. Хипер возила (Hypercar) кои претставуваат технолошки високо напредни возила и овозможуваат постигнување големи брзини, супер управливост и голема издржливост.

 

Market7.mk го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На Market7.mk можете на најдете голем број на објавени огласи. Доколку имате возила, недвижности или други предмети за огласување, истите можете бесплатно да ги огласитеMarket7.mk е бесплатен интернет огласник каде продавачите и купувачите се среќаваат.

Реклама

Право на споделување

Интернет Огласник го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете да најдете голем број на огласи. Интернет Огласник е бесплатен огласник кадешто продавачите и купувачите се среќаваат.

Овој текст, вклучувајќи ги сите слики, графикони и инфографици може да се споделуваат за комерцијални и непрофитни цели. Единствено, потребно е да го споменете изворот и да додадете линк во вашата објава до оваа страница.

Реклама

Најнови текстови на Интернет Огласник

реклама
Реклама

Реклама