Skip to main content

| Market7.mk - Oglasnik | Blog

Hyundai е многу повеќе од автомобилска компанија

| Blog
Hyundai logo Hyundai logo
Реклама

На 25 мај 1947 година е основана Хјундаи Констракш (Hyundai Construction), првата компанија во линијата на Хјундаи компании.

Чунг Ју Јунг (Chung Ju Yung) ја основал Хјундаи Констракш, прва компанија од големиot број на Хјундаи компании. Две децении подоцна во 1967 година, основана е Хјундаи Мотор Компани (Hyundai Motor Company).  На почетокот од автомобилските аспирации, Хјундаи првиот свој модел, Cortina, го произвеле заедно со Форд Мотор Компани (Ford Motor Company) во текот на 1968 година. Низ годините, за да ја зацврсти својата позиција во автомобилскиот сектор, Хјундаи ангажирале и бројни надворешни експерти со цел самостојно да ги дизајнираат и произведуваат Хјундаи автомобилите.

Во 1975 година, Хјундаи самостојно го произвеле првиот корејски автомобил, моделот Пони (Pony). За овој автомобил, Хјундаи користеле мотори од Мицибуши (Mitsubishi) од Јапонија. Моделот Пони првично е извезуван во Еквадор. Во 1991 година, Хјундаи успеале да развијат сопствен бензиски мотор со четири цилиндри, именуван Алфа и воедно и сопствен менувач, со што си го отворија патот до технолошка независност. Едни од попознатите модели на Хјундаи се: Sonata, Elantra, Accent, Tucson, Santa Fe и i10.

Hyundai Pony

 

Во рамки на своето работење, Хјундаи управува со уште две други марки на возила, луксузната Genesis и електричните возила Ioniq. Хјундаи истотака произведува автобуски и товарни возила за патничката, градежната и товарната индустрија. Хјундаи Мотор Компани глобално вработува 75.000 лица и продава возила во околу 193 земји преку 5.000 препродавачи.

Хјундаи истотака има значајни деловни активности во бродоизградбата, бродската индустрија и транспорт, електрика и електрични компоненти, градежна индустрија и слично.

 Hyundai Xcient камион влекач

 

Market7.mk го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На Market7.mk можете на најдете голем број на објавени огласи. Доколку имате возила, недвижности или други предмети за огласување, истите можете бесплатно да ги огласитеMarket7.mk е бесплатен интернет огласник каде продавачите и купувачите се среќаваат.

Реклама

Право на споделување

Интернет Огласник го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете да најдете голем број на огласи. Интернет Огласник е бесплатен огласник кадешто продавачите и купувачите се среќаваат.

Овој текст, вклучувајќи ги сите слики, графикони и инфографици може да се споделуваат за комерцијални и непрофитни цели. Единствено, потребно е да го споменете изворот и да додадете линк во вашата објава до оваа страница.

Реклама

Најнови текстови на Интернет Огласник

реклама
Реклама

Реклама